Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вишото обвинителство го пушта Рашковски од притвор со гаранција од половина милион евра

0
By Ivana on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 14:34

Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдија за „360 степени“ од обвинителството. Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објаснија и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.

„Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“,велат од ЈОРМ.

Тоа што Вишото обвинителството се согласува Рашковски да излезе од притвор не значи и дека тоа на крај ќе се случи. Обвинителството само дава мислење, а одлуката ја носи Судот. Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.„360 степени“ се обрати до Апелациониот суд со прашање – кога ќе се одлучува за притворот на Рашковски. Освен информацијата дека се уште не е донесена одлука, друг одговор не добивме.Истото прашање го поставивме и до Обвинителството, од каде одговорија дека засега немаат добиено покана за рочиште.

„Во однос на прашањето за терминот за одржување на седница во Апелациониот суд Скопје , Ве известуваме дека покана за присуство на јавна седница не е доставена до Вишото јавно обвинителство Скопје“,велат од ЈОРМ.

милион притвор Рашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.