Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3,6 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Владата на Република Северна Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите. Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот…
Шест милиони луѓе починаа во светот како последица на Ковид-19 од почетокот на избувнувањето на пандемијата, која влезе во третата година, покажуваат денешните податоци на веб-страницата „Ворлдметар“. Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, од коронавирусот починале вкупно 5.999.158, а според експертите, „на епидемијата се уште не и се гледа крај“. Оддалечените острови на Пацификот, кои немаа зараза две години, сега се борат со првите случаи на инфекција и смрт предизвикани од позаразната варијанта Омикрон. Хонг Конг, каде што бројот на починати расте, овој месец трипати го тестира целото население од 7,5 милиони, следејќи ја кинеската стратегија за „нулта ковид“. И…
Министерството за образование и наука објави Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование. Право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на државава и на сите наставни јазици. За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација. Конкурсот трае 15 дена од неговото објавување.…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-обраќање ги критикуваше западните земји што не одговорија на најавите на Москва за голем напад денеска и испрати порака до Путин. „Нема да им простиме на уништените куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана го собори денеска над Окматид. И повеќе од 500 проектили што ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца. Нема да простиме пукање на невооружени луѓе. Уништување на нашата инфраструктура. Нема да простиме. Стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници страдања. Ниту Господ нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо прошка, ќе биде судниот…
Нов Зеланд воведува санкции против рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Нов Зеланд се вели дека ќе воведе забрана за лицата вклучени во војната во Украина. На објавената листа се вклучени околу 100 лица.
Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина. Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ објавија дека засега го прекинуваат покривањето од нивните московски студија, но „ќе продолжат да ја информираат јавноста за настаните во Русија и Украина од нивните други локации“. Голем број западни медиумски организации ги прекинаа своите активности во Русија по репресијата на Москва врз странските медиуми. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша нов закон кој ќе значи високи парични казни и до 15 години затвор за ширење лажни…
Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск. Како што јавија медиуми, инцидентот се случил во 06.55 часот, по локално време. Експлозијата јасно се слушнала во центарот на градот. Според очевидци, веднаш потоа избил пожар во складиштето. „Огнот се гледа оддалеку. Министерството за вонредни ситуации се обидува да го изгасне пожарот“, напиша Мирошник на Телеграм.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека евакуацијата на членовите на мисијата од Украина е речиси завршена. – Процесот на привремена евакуација на сите членови на меѓународната мисија е речиси завршен. Последната преостаната група – главниот набљудувач и високиот менаџерски тим – сега ќе ја напуштат Украина, се наведува во соопштение на ОБСЕ. На почетокот на минатата недела, неколкумина од околу 500-члениот тим на набљудувачи сe уште беа заглавени во Харков и Керсон. Некои набљудувачи, исто така, требаше да бидат евакуирани од источните региони Луганск и Доњецк, се додава во извештајот. ОБСЕ, исто така, соопшти дека примила…
Најниска температура во земјава изутринава е измерна на Попова Шапка -9 и во Маврови Анови -7. Во Крушево се измерени -3, во Претор, Берово и Охрид -1, а нула степени во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Битола, Скопје-Петровец. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални 4 степени се измерени во Дојран и Гевгелија, соопшти УХМР. Во Маврови Анови наврна најмногу снег 61 сантиметар, во Крушево снежната покривка е 56, во Ѓуриште 36, во Пожаране 34, а во Битола 7 сантиметри. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврна во Дојран 7 литри на метар квадратен, потоа во Тетово 6,…
Израел денеска истрела неколку ракети врз позиции на сириската армија во близина на главниот град Дамаск, при што загинаа двајца цивили, а беше причинета и материјална штета, соопшти сириското Министерство за одбрана. Во соопштението се додава дека израелските воени авиони кои летале над територијата на соседен Либан истрелале ракети кон Сирија, а сириската противвоздушна одбрана соборила поголем дел од проектилите. Израел не го коментираше нападот, бидејќи ретко ги признава таквите операции, иако, во изминатите десет години, стои зад стотици напади врз цели во делови од Сирија под контрола на тамошната влада. Меѓутоа, Израел претходно призна дека гаѓа бази на Хезболах…
Регионалната соработка и во сложените светски економски случувања, останува основен предуслов за економски развој на земјите од Западен Балкан Копаоник бизнис форум годинава се одржува од 6 до 9 март под слоганот – „Србија 2030: Агенда за одржлив развој“, поаѓајќи од фактот дека Србија учествуваше во изготвувањето на Агендата за 2030 година, која беше усвоена во Собранието на ОН, и дека заедно со другите земји потписнички се обврза да ги исполни дефинираните цели.На 29. Копаоник бизнис форум, во четири последователни дена ќе се реализираат триесет и три (33) панели, со 200 панелисти, а предвидени се 8 пленарни говори на кој ќе…