Author: Ivana

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по состанокот со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите по повод продолжување на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите.

Read More

Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните…

Read More

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше свое обраќање пред постдипломците од Правната клиника при Универзитетот Џон Хопкинс (The SAIS International Human Rights Law Clinic), на тема Меѓународно право за човекови права и трговија со луѓе: Случајот со Северна Македонија. -Прашањето на трговијата со луѓе е високо на агендата на Владата, прво затоа што поседувањето ефикасни механизми за спречување и сузбивање на криминалните активности е задолжително за секое демократско општество, а второ, како земја кандидат за членство во ЕУ, ја презедовме обврската да спроведеме соодветни мерки и активности за борба, меѓу другото и трговија со луѓе…

Read More

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница по повод синоќешниот напад на нуклеарната централа во Украина од страна на руските сили. Предвидено е говор да има и претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Вонредната седница е на барање на британскиот премиер Борис Џонсон и шефицата на дипломатијата Лиз Трас.

Read More

Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело, информира МТСП. На денешната седница, членовите на Советот биле информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и состојбата на пензискиот систем во 2021 година, како и за предлогот на Владата за измена на методологијата за усогласување на пензиите. На седницата била потврдена стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и остварените резерви во висина од 1.3 милијарди денари во Фондот…

Read More

По вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, министерот Бујар Османи за МИА се осврна на последиците за земјата и регионот и перспективите за Украина, јавува дописничката на МИА од Брисел. Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска и пред почетокот и за време на НАТО состанокот го привлече вниманието кон импликациите на руско-украинскиот конфликт за регионот на Западен Балкан и нагласи дека проширувањето на ЕУ е од безбедносна важност за континентот. Токму поради тоа, вели тој, преговорите со Северна Македонија и Албанија имаат огромно значење. -Западниот Балкан е слаба точка на…

Read More

Кинескиот претседател Кси Џипинг попладнево по средноевропско време ги прогласи за отворени 13. Зимски параолимписки игри (ЗПОИ) на пригодна свеченост на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг. На ЗПОИ во кинескиот главен град ќе настапат вкупно 546 параолимпијци од 46 држави, а во колективната меморија ќе остане суспензијата на руските и белоруските спортисти, поради агресијата на нивните држави на Украина. – Оваа вечер сакам да ја почнам со порака за мир. 21 век е време на дијалог, а не на војна. Спортистите од 46 нации ќе се борат едни со други, а не едни против други, истакна претседателот на Меѓународниот параолимписки…

Read More

Над 1,2 милиони луѓе ја имаат напуштено Украина од 24 февруари, откако почна инвазијата на Русија врз Украина, објави ОН. Околу половина милион од бегалците се деца, проценува УНИЦЕФ. УНХЦР претходно соопшти дека војната во Украина, може да резултира со над четири милиони украински бегалци. Шефот за комуникации на УНХЦР, Јонг-ах Гедини-Вилијамс рече дека тоа е „огромен егзодус“. „Постои можност исто толку бегалци да се раселени во земјата“, додаде тој.

Read More

Месо има во доволни количини и засега нема да има промена на цената, соопштија производителите по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на која е договорено да се донесат две нови интервентни мерки за поддршка на свињарството. Дополнителна поддршка од 1.500 денари за гоеници над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април и нова субвенција од 3.000 денари за маторица во категоризирани фарми, се двете нови мерки, вредни скоро два милиона евра. Со нив, како што потенцира министерот Николовски, се дава дополнителен стимул за развој на свињарството и уште еднаш…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Војциех Тицињски, амбасадор на Република Полска во нашата држава. На средбата е врачено писмо со честитки за мандатот на премиерот Ковачевски, од полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Соопштено е и дека Полска ги поддржува европските перспективи на Северна Македонија. На состанокот е разговарано и за ситуацијата во Украина. Премиерот Ковачевски ја нагласи цврстата позиција на Република Северна Македонија којашто е на линија на позицијата на нашите стратешки партнери во НАТО и ЕУ, односно категорична осуда на руската инвазија во Украина. На средбата е изразена заедничка определба за унапредување на…

Read More

Со 100 гласа „за“, тројца „против“  и ниту еден „воздржан“ Собранието вечерва ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ, по скратена постапка. Претходно, попладнево пратениците со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ ја усвоија Потребата од донесување на ваквата Декларација. Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата, пратеничката Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот руски колега Владимир Путин на средба, за прекин на војната. – Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Заминете од нашата земја! Седнете со мене, разговарајте. Само не 30 метри далеку како со Емануел Макрон, кажа Зеленски. Зеленски истовремено побара од НАТО да ѝ прати авиони на Украина. НАТО претходно го одби неговото барање да се воведе забрана за летање над Украина, сметајќи дека на тој начин би се вмешале во војната. – Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш испратете воени…

Read More