Author: Ivana

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија,  Кејт Мери Брнз, на која се разговараше за тековните активности и состојбата во образованието, продлабочување на соработката во сите области и за идните планови за развој на националниот образовен систем. -Министерот Шаќири ја запозна амбасадорката Брнз со состојбата поврзана со процесот на дигитализација на образованието, како и со реализацијата на реформите во основното образование, при што се заблагодари на Владата и граѓаните на САД за досегашната помош и поддршка за имплементирање на светските трендови во училиштата во државата. Шаќири истакна…

Read More

Во државата има сосема доволна количина пченка и пченица, a во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта, велат за Нова ТВ од Министерството за земјоделство, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Македонија побарала да купи пченица и пченка од нашиот северен сосед. – Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка, се вели во соопштението. Од таму потенцираат дека споменатите…

Read More

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе бевме на незавидна позиција ако Македонија не била членка на НАТО. – Доколку Северна Македонија не беше членка на НАТО ќе бевме во една многу незавидна позиција. Можам да кажам дека ќе бевме на еден крстопат за тоа по кој пат да тераме, истакна Џафери. Според него, Русија извршила директна агресија над суверена земја. – Треба да се каже отворено со правилна терминологија. Русија изврши директна агресија врз една суверена држава и и објави отворена војна. Кога говориме за статусот на Украина, таа е суверена земја…

Read More

Шефот на владејачката грузиска партија Иракли Кобахидзе вели дека тамошната влада подготвува итно барање за статус на кандидат за членство во ЕУ, кое утре ќе го достави до Брисел. Кобахидзе вели дека одлуката е донесена поради „општата политичка ситуација и новата реалност“. Од почетокот на руската инвазија се одржуваат ноќни улични собири во знак на солидарност со Украина, но и поради гнев од одлуката на грузиската Влада да не се приклучи кон меѓународните санкции против Русија. Владата во понеделникот одби да дозволи група грузиски доброволни борци да го напуштат меѓународниот аеродром во Тбилиси и да се приклучат на војната во…

Read More

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович вечерва и официјално потврди дека клубот оди на продажба по последните случувања и притисокот од јавноста во Велика Британија. Профитот од продажбата Русинот ќе го донира во хуманитарни цели за помош на Украина. Абрамович го купи клубот во 2003 година за 150 милиони евра, а сега ќе бара 3,6 милијарди за продажба на истиот. Под негово водство „сините“ станаа еден од најмоќните европски клубови и освоија 21 трофеј. Сега тој е приморан да го прoдаде клубот поради инвазијата на Русија во Украина. „Поради актуелната ситуација донесов одлука да го продадам Челси, бидејќи верувам дека овој…

Read More

Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Костадин Костадинов на карневалистите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 март. При предавањето на клучот Костадинов истакна дека струмичките карневалисти се единствените кои ја имаат привилегијата да бидат локална власт без избори. – Убавиот повод кој е пред нас, ни дава до знаење дека нашиот клуч е клуч за отворање, клуч кој ја покажува отвореноста и гостопримството на Струмица и струмичани за сите добронамерници, онака како што тоа го покажува и скулптурата „Струмичанка под маска“ која го краси овој наш плоштад, рече струмичкиот…

Read More

Голема експлозија одекнала вечерва во Киев, набргу откако се огласија предупредувачките сирени во главниот град на Украина. Прелиминарните извештаи покажуваат дека мета на нападот била централната железничка станица во Киев. Се уште нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, но експлозијата би можела да го прекине снабдувањето со централно греење на делови од главниот град на Украина каде има ниски зимски температури, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Антон Херашченко во објава на интернет. ❗️Ударом ракеты в районе ЖД Вокзала разорвало крупную теплотрассу. Часть #Киева, может остаться без отопления.#Киев #Kyiv #Kyev #KievUkraine #russiaterroriststate #RussiaUkraineWar #Russia #RussiaUkraine #RussiaUkraineConflict…

Read More

Повеќе од 7.000 руски војници се убиени од почетокот на руската инвазија на земјата, изјави советникот на Зеленски, Алексеј Арестович. Тој додаде дека се уапсени стотици руски војници, меѓу кои и високи чиновници, додавајќи дека и командант на руската армија бил пренесен во Белорусија откако бил тешко ранет. Од друга страна пак, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека за време на специјалната воена операција во Украина загинале 498 руски војници, а 1.597 се ранети. – Веста за безброј жртви во редовите на руската армија е дезинформација, изјави за новинарите претставникот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков. Кога станува збор…

Read More

Резервниот бригаден генерал Валентин Цанков е приведен од бугарските власти под сомнение дека шпионирал за Русија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанков работел заедно со советникот во политичкиот оддел на руската амбасада во Бугарија. За прикривање на шпионажата биле користени тајни состаноци, преносни мемориски картички, уреди за шифрирање и шифра за кодирање на комуникацијата меѓу рускиот дипломат и Цанков. Валентин Цанков бил бугарско воено аташе во Вашингтон и Лондон, советник во НАТО и советник на министерот за одбрана. Пред да се пензионира, тој раководел со клучни директорати во бугарското Министерство за одбрана, каде ги одржувал своите врски…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за…

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, потврдија за МИА од кабинетот на Пендаровски. Инаку, уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побарало од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса. – Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови…

Read More

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се изразува најдлабоко жалење за руската агресија врз Украина и се бара Русија веднаш да престане да се заканува и да користи сила против Украина и итно, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од меѓународно признатата територија на Украина. Резолуцијата беше усвоена со 141 глас „за“, пет „против“ и 35 воздржани. Усвоената резолуција ја потврдува посветеноста на Украина за суверенитет, независност, единство и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници. Се изразува и жалење за одлуката на Русија во врска со статусот на украинските региони Доњецк и Луганск,…

Read More