Author: Ivana

Во синоќешната контрола на подрачјето на СВР – Битола во периодот од 22:00 до 2:00 часот констатирани и законски санкционирани се 27 возачи, кои управувале со возилото под дејство на алкохол. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по два на подрачјето на Ресен и Демир Хисар и по еден возач на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме…

Read More

Дигитализацијата на услугите во банкарскиот систем носи поголема достапност и пониски провизии, а со тоа и поголема финансиска инклузија на населението. Податоците упатуваат на растечки  тренд на дигитализација на банкарските услуги, кој особено дојде до израз на почетокот на пандемијата, но продолжи и во текот на 2021 година. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во емисијата „Агенда 35“, во која говореше, меѓудругото, и колку нашите банки ги следат европските трендови во услугите за населението и корпоративниот сектор. -Присутен е тренд на поголемо насочување на банките кон потребите на нивните клиенти и тоа пред се во сферата на дигитализацијата. Тоа особено дојде до…

Read More

Безбедносната состојба во земјава е стабилна и во моментот не постои директна закана. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита, а се очекува засилување на опасноста од кибер напади по нападот на Русија врз Украина. Внимателно се следи состојбата во Украина, уверува државниот врв во земјава. Предизвикот кој стои пред земјава е повеќе од економска природа, која е од глобални размери, но од Владата уверуваат дека се подготвени и дека ќе одговорат соодветно со цел да се намали притисокот врз граѓаните, домаќинствата и стопанството. Државниот врв и вчера со осуда за воената агресија на Русија врз Украина и апел…

Read More

Во соработка со партнерски земји е обезбеден транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина, информираат од Министерството за надворешни. „Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување. Дополнително, министерството за надворешни работи прави напори да обезбеди начини за евакуација и за нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии да се изгласа во Собранието Декларација за Украина за мир и заштита на нејзиниот интегритет. Украина е суверена и независна држава и не смееме да дозволиме и да поддржуваме да биде нарушен нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, се додава во соопштението од оваа партија. „Во 21 век недозволиви се воени дејствија, а мирот и дипломатијата треба да бидат на прво место. Недозволиво е да се кршат основните принципи на меѓународното право и демократскиот поредок. Македонија како држава минала и минува низ многу премрежија, се уште се соочува со негирање на нејзиното постоење и корени.…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија. Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации. „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање. Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел. Во меѓувреме агенцијата за помош на ОН соопшти дека најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела. „Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за…

Read More

Независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во врска со ситуацијата во Украина по руската инвазија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку својата страница на Фејсбук, косовското регулаторно тело за медиуми објави дека одлуката е донесена „со цел да се спречи пропагандата (од Русија) и да се заштити јавната безбедност во Република Косово“. – КПМ донесе одлука да им наложи на сите оператори за дистрибуција времено да прекинат со пренесување…

Read More

Во Харков е разнесен гасовод, а во Василков гори складиште за нафта. Кратки упатства за цивилна заштита на граѓаните: Отворете го прозорецот и не отворајте го непотребно. При отворање – покријте ги со влажна или газа крпа за да ја смените. Избегнувајте продолжено изложување на воздух. Користете го системот за климатизација и прочистување. Ставете сад со вода во вашата соба за да ја зголемите влажноста. Редовно влажно чистење. Дали мирисате на чад? Веднаш носете влажни маски, изолирајте ги отворите на прозорците и вратите со влажна крпа. Зголемете го внесот на течности на 2-3 литри дневно за возрасни. Се препорачува да…

Read More

Руските трупи влегоа и го нападнаа североисточниот град Харков вклучувајки го и центарот на градот, напиша советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко. Херашченко и Украинскиот државен сервис за специјални комуникации и заштита на информации на Телеграм објавија видео на кое се гледаат неколку руски воени возила на улиците на Харков и запален тенк, пренесува Ројтерс, додавајќи дека руските трупи го кренале во воздух тамошниот гасовод. Video of that destroyed Russian Tigr-M vehicle in Kharkiv. https://t.co/2shuctUVlg pic.twitter.com/t1TrNJE9Fx — Rob Lee (@RALee85) February 27, 2022 – Непријателот сака да уништи сѐ, изјави градоначалничката на Василкив, Наталија Баласинович. Проруските сепаратисти во…

Read More

Западните сојузници договорија нови финансиски санкции против Русија поради инвазијата на Украина, се согласија да ги исклучат руските банки од системот Свифт, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП). #BREAKING Germany to close its airspace to Russian flights: ministry pic.twitter.com/q5vLKtrbu8 — AFP News Agency (@AFP) February 26, 2022 Свифт е глобален платен систем кој овозможува непречен и брз трансфер на пари преку границите и поврзува 11 000 банки и институции во повеќе од 200 земји. Забраната за Русија да го користи системот што го користат илјадници финансиски институции – ќе ја погоди банкарската мрежа на земјата и пристапот до средства. Потврда за…

Read More

Две огромни експлозии вечерва го осветлија небото над Киев, јавува „Си-ен-ен“. Според американската телевизија, најверојатно експлозиите биле околу градот Василки, што е на 30-тина километри јужно од главниот град на Украина. Во Василки има голем воен авион и повеќе резервоари за горе. Според украинските власти, токму оваа област во текот на претходната ноќ било место каде се одвивале тешки борби. Исто така и „Киев индипендент“ јави за гранатирања во тој регион. Како што објави, се запалило складиште за нафта во Василков кој според овој медиум, е оддалечен 40 километри од главниот град. „Киев индипендент“ пренесува и изјава од градоначалничката на Василки, Наталија Баласинович, во која таа посочува дека градот и аеродромот претрпеле силно гранатирање од балистички…

Read More

Поранешниот преведувач на украинскиот претседател Јушченко, Александар Билкин во разговор за Си Ен Ен соопшти дека ракети паднале на детска болница во Киев. ⚡️Russian artillery fire has struck Kyiv’s children’s cancer hospital Okhmadyt, killing one child and wounding two, along with two adults, TSN reported. Eyewitnesses reported that the city is under fire from multiple-launch rocket systems. — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 26, 2022 Соопшто дека болницата е недалеку од зградата во којашто живее и рече дека наводно едно дете го изгубило животот. Претходно украински ТСН објави дека Русите погодиле детска онколошка болница во Киев и дека наводно загинало…

Read More