Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со вчерашното изгласување на измените на Законот за минимална плата станува реалност барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Со тоа, околу 80.000 работници во земјава со мартовската исплата во април ќе земат повисока минимална плата за околу 2.800 денари. Законските измени добија поддршка од сите пратеници, иако во текот на тридневната дебата можеа да се слушнат различни мислења од пратениците од партиите на власт и од опозиција. За првите, законското решение е добро бидејќи со него се подобрува животниот стандард на околу 80.000 работници кои земаат мининална плата, додека ставот на опозицијата е дека ќе…
Бројот на активни случаи, заклучно со вчерашниот ковид-извештај, е 5.449, што за една недела е намалување за околу 3.300. Ако на 16 февруари имаше 8.784 активни случаи, вчера беа регистрирани 5.449. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 674 случаи на КОВИД-19 од направени 3.156 тестови или 21,3 отсто. Меѓу новозаразените, 98 биле реинфицирани. Во последниот ковид-извештај беа регистрирани и 12 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително биле пријавени уште девет починати лица за период од 31.01. до 20.02.2022. Од вкупниот број на починати лица (21), кај 20 лица биле регистрирани коморбидитети. Евидентирани…
Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска изјави дека е можно одложување на изборите во БиХ, што треба да се одржат во октомври, доколку со тоа се реши проблемот со промената на Изборниот закон. Откако разговорите за промена на Изборниот закон меѓу хрватските и бошњачките партии, закажани за вчера во Мостар, беа откажани без посебно објаснување, Изетбеговиќ на новинарите во Сараево денеска им изјави дека воопшто не бил поканет на состанокот, но додаде дека тоа не влијае на подготвеноста за продолжување на разговорите и изнаоѓање решение. -Не е нереално да се постигне договор, рече Изетбеговиќ, додавајќи дека…
Европската Комисија ја поздравува одлуката за замрзнувањето на проектот „Северен тек – 2“ и вели дека нема да влијае на цената на гасот, јави дописничката на МИА од Брисел. Потпретседателката на Европската Комисија, Маргарет Вестагер, од Брисел денеска изјави дека одлуката на германската Влада да го суспендира гасоводниот проект „Северен тек -2“ со Русија е добредојден и дека тоа не може да влијае на цените во Европа. -„Северен тек – 2“ не е во функција, нема гас во него, она што е стопирано е одобрувањето за да стане оперативен, стопирањето на одобрувањето не може да има влијание врз цените на…
Украина денеска прогласи 30-дневна вонредна состојба поради воените тензии на источната граница со Русија, изјави секретарот на Државниот совет за национална безбедност Олексеј Данилов, јави ДПА. -Овој потег може да значи дека на Украинците ќе им биде наредено да останат дома или ќе бидат ставени под полициски час, рече Данилов. Земјата е пред амбис по руската одлука да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина и по одобрувањето да се испратат војници за да се спречи, како што Кремљ го нарекува, геноцид врз етничките Руси. Украина денеска почна да мобилизира резервисти на возраст од 18 до 60…
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија првиот пакет санкции против Русија и поведоа писмена постапка со рок до 15 часот, со што одлуката конечно ќе биде усвоена, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ. Одлуките со правна сила во ЕУ може да ги носи Советот само во кој било формат или во писмена форма. Бидејќи денеска нема формални министерски средби, до 15 часот е почната писмена процедура. Писмената процедура вклучува испраќање прашања до владите на сите земји-членки кои се согласуваат на одредена одлука да се одговори до одреден рок. Секој изостанок на одговор на земја-членка до крајниот рок ќе се…
Во Албанија заразените со Ковид-19, наместо две недели, како досега, од денеска во изолација ќе остануваат само пет дена, објави министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу. Таа додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучил да го намали времето за изолација и препорачал третата доза на вакцината да се даде пет месеци по втората доза. Во однос на анти-ковид мерките Манастирлиу потенцира дека „состојбата се следи внимателно и мерките ќе се разгледаат дополнително“. – На состанокот на Техничкиот комитет на експерти, за процена на епидемиолошката состојба, процена на напредокот на програмата за вакцинација и мерките…
Генералното собрание на Обединетите нации ќе заседава денеска за украинската ситуација, откако Русија ја призна независноста на двете самопрогласени републики во источна Украина. Станува збор за пленарна седница, што значи дека сите членови може да бидат присутни, јави Би-Би-Си. Кризата околу Украина ескалираше изминатите денови, по потпишувањето на рускиот претседател, Владимир Путин, декрети за признавање на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“. Медиумите потсетуваат дека рускиот Парламент му дозволи на Путин да употреби воена сила надвор од Русија, поради што Западот стравува дека Москва планира целосна инвазија.
Поради сушата на Африканскиот рог, од југ на Етиопија до север на Кенија и Сомалија, глад им се заканува на речиси 13 милиони жители, предупредуваат хуманитарните организации. Во регионите со претежно сточарско и земјоделско население, последните три сезони на дождови од крајот на 2020 година имаше мали количества на врнежи, а поради скакулци опустошени се посевите од 2019 до 2021 година. „Рогот на Африка сочинува само 4 отсто од светското население, но дури 20 отсто е изложено на несигурност во однос на храната“, предупреди Мајкл Данфорд, директор на Светската програма за храна (WFP) за Источна Африка. Според ОН, 5,7 милиони…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша ќе ја посети Украина в четврток и петок, потврдија денеска од неговиот кабинет, нагласувајќи дека премиерот сака да ја изрази словенечката поддршка за европската перспектива на Украина и да ја потврди нејзината посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет. За време на „работната посета“, Јанша ќе се сретне со украинскиот премиер Денис Шмихал, а ќе разговара и со претседателот Володимир Зеленски. Целта на посетата е „да се изрази поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Украина и да се потврди посветеноста на Словенија на територијалниот интегритет и политиката на суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“,…
Во Словенија продолжува да се смирува епидемиолошката состојба во пандемијата на коронавирус, поради што се најавува можност наскоро да се вадат маските во пониските одделенија од основните училишта, а се проценува дека состојбата ќе се подобри до изборите во април. Епидемиолошките трендови се сè уште позитивни, а има 328 помалку потврдени нови инфекции од претходниот ден. Мерките за опуштање се во сила од понеделник поради подобрување на епидемиолошката состојба, така што по правило освен во здравствените и пензионерските домови не се бара човечка потврда, а министерот за здравство Јанез Поклукар рече дека размислува да ја укине обврската за носат маски…
Украина денеска ги повика своите државјани веднаш да ја напуштат Русија, наведувајќи ја заканата од руска инвазија што може да го отежне обезбедувањето конзуларни услуги. – Поради ескалација на руската агресија врз Украина, која може да доведе до значително намалување на можната конзуларна помош во Русија, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Украина да се воздржат од патување во Русија, а оние во таа земја веднаш да ја напуштат нејзината територија, соопшти Министерството.