Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради воените тензии со Русија, прогласена 30-дневна вонредна состојба во Украина

0
By Ivana on February 23, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 14:28

Украина денеска прогласи 30-дневна вонредна состојба поради воените тензии на источната граница со Русија, изјави секретарот на Државниот совет за национална безбедност Олексеј Данилов, јави ДПА.

-Овој потег може да значи дека на Украинците ќе им биде наредено да останат дома или ќе бидат ставени под полициски час, рече Данилов.

Земјата е пред амбис по руската одлука да ја признае независноста на двата сепаратистички региона во источна Украина и по одобрувањето да се испратат војници за да се спречи, како што Кремљ го нарекува, геноцид врз етничките Руси.

Украина денеска почна да мобилизира резервисти на возраст од 18 до 60 години, со максимален работен период од една година.

Украинското Министерство за надворешни работи денеска ги предупреди Украинците да не патуваат во Русија и ги повика своите граѓани кои се веќе таму да ја напуштат земјата.

„Министерството за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Украина да се воздржат од какво било патување во Руската Федерација, а оние кои се во таа земја веднаш да ја напуштат нејзината територија“, соопшти Министерството.

Украинскиот  Парламент денеска одобри санкции против 351 Русин, вклучувајќи и пратеници кои гласаа за признавање и испраќање руски војници.

Ним им е забранет влез во Украина, пристап до имот, капитал, недвижен имот и лиценци за вршење деловни активности.

-Мораме да побараме од Советот веднаш да воведе санкции против криминалците, против сите пратеници во Думата кои гласаа за распарчувањето на Украина, рече Ирина Херашченко од Европската партија за солидарност.

Санкциите формално ги воведува Украинскиот совет за одбрана и национална безбедност.

Минатата недела 351 руски пратеник побараа од претседателот Владимир Путин да ја признае независноста на двете самопрогласени републики во источна Украина контролирани од проруските сепаратисти. Путин одлуката ја донесе во понеделникот.

Украинскиот парламент, исто така, денеска, во прво читање, гласаше за закон што на Украинците им дозволува да носат оружје во самоодбрана.

-Донесувањето на овој закон е во интерес на државата и општеството, изјави еден од авторите на законот, додавајќи дека тој е потребен поради „постојните закани и опасности за граѓаните на Украина“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.