Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
МВР вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 294 санкции за сообраќајни прекршоци, меѓу кои 96 за брзо возење, 141 за прекршоци што ги прават пешаците, четири за возење под дејство на алкохол и три за минување на црвено светло на семафор. Во засилената акциска контрола во областа на сообраќајот изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон и 37 за непрописно паркирање. Како што информира МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме…
Освојувачот на годинешниот Австралија Опен, Рафаел Надал, изјави денеска оти би било добро најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, независно дали е вакциниран против коронавирусот или не, да се врати на големите турнири. – Без разлика дали е вакциниран или не, би било добро Ѓоковиќ повторно да игра на грен – слем турнирите. Ако може да игра без вакцинација, тој е добредојден, им изјави Надал на новинарите во Акапулко, каде шпанскиот тенисер неделава ќе настапи на АТП турнир. Својот прв дуел во 2022 година, пак, денеска ќе го има Ѓоковиќ, кој против Италијанецот Лоренцо Музети ќе игра на стартот на турнирот…
Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.
Украинската војска денеска соопшти дека двајца украински војници се убиени, а 12 се повредени при гранатирање од страна на проруските сепаратисти во источна Украина во изминатите 24 часа, што е најмногу жртви оваа година. Украинските сили на својата Фејсбук страница објавија дека пријавиле 84 случаи на гранатирање од непријателски камп. Според украинската војска, со употреба на тешка артилерија биле гранатирани околу 40 населени места и позиции долж линијата на контакт. Украина ја обвинува Русија за предизвикување насилство и смета дека Москва тоа го искористи како изговор за официјално признавање на двата источни украински региони Доњецк и Луганск како независни и…
Меѓународната заедница ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на проруските региони во источна Украина. Ова се дел од реакциите: Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерешсмета дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на двата отцепени региони на источна Украина како независни држави, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дјужарик. И заменик-генералниот секретар на ОН за надворешни работи, Розмари Ди Карло, изрази силно жалење за одлуката на Русија, велејќи дека следните часови и денови ќе бидат критични и дека ризикот од голем конфликт е реален и треба да се избегнува по секоја…
САД и нивните сојузници за време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, го осудија признавањето на областите под контрола на бунтовниците во Украина од страна на Владимир Путин и распоредувањето војници, оценувајќи како грубо кршење на меѓународното право и „изговор за војна“. Во своето обраќање на седницата, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд го одби тврдењето на Путин дека руските трупи ќе преземат мировна улога во областите Доњецк и Луганск. – Тој ги нарекува мировници. Ова нема никаква смисла. Знаеме што се тие навистина, истакна Томас-Гринфилд. Амбасадорот на Украина во ОН, Сергиј Кислицја инсистираше на тоа дека границите на…
Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“. – Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе…
Во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани сe 6.119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29,2 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје,тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,2% во однос на претходната седмица. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.262; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино – 519,1/100.000, Скопје – 514,3/100.000 и Кавадарци – 507,4/100.000. Регистрирани се заболени…
Министерот за финансии Фатмир Бесими во текот на вчерашната посета на Европската комисија разговараше за економската состојба во Северна Македонија и глобалната економска криза, за која придонесува руско-украинскиот конфликт, јави дописничката на МИА од Брисел. Енергетската криза, која силно ја погоди Европа и последните месеци не ја одмина ни Северна Македонија, беше една од клучните теми на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел со еврокомесарите за економија Паоло Џентилони, за проширување, Оливер Вархеји и за буџетот на ЕУ, Јоханес Хан. Во изјава за МИА, Бесими објасни дека на своите соговорници им ги презентирал мерките на Владата за…
Се наоѓаме во посензитивен период во разговорите со Бугарија и дијалогот продолжува на ниво на експерти и политички групи. Целта е ова прашање да биде затворено еднаш засекогаш и да не ни се отвора повторно преку сеопфатен документ којшто би бил протокол или декларација, каде ќе се ставаат сите документи важни за сите страни, рече вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. Динамиката на новиот пристап во разговорите со Софија продолжува и оваа недела со средба на работната група за евроинтеграции и со состанокот на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи, што ќе се одржи утре во Скопје. Бугарскиот…
Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, од денеска ќе престојува во посета на Дубаи каде се одржува глобалниот саем „Експо“. Во состав на делегацијата, меѓу останатите, е и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Официјалната церемонија и одбележувањето на денот на Република Северна Македонија на саемот почнува во 13 часот, односно 16 часот по локално време. Утре, ќе се одржи бизнис конференција на која ќе се обратат вицепремиерот Битиќи, министерот за животна средина Нуредини, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, директорот на Агенцијата…
Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Вчера на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен во дијалог со работодавците и работниците, и е донесено решение кои го поддржуваат сите – минималната плата да биде 18.000 денари. – Законот ја утврдува минималната плата, која за месец март, заклучно со исплатите за март, треба да биде во висина од 18.000 денари. Државата…