Author: Ivana
Компанијата Мета (претходно Фејсбук) се заканува да ги затвори своите платформи Фејсбук и Инстаграм во Европа, се наведува во годишниот финансиски извештај на компанијата. Во годишните финансиски извештаи на компанијата се наведува дека Мета не може да пренесува, складира и обработува податоци за своите европски корисници на сервери со седиште во САД и оти двете платформи ќе бидат затворени низ Европа. Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност“ (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ. Во својот годишен извештај до американската Комисија за…
Растот на цените на нафтата, што на 4 февруари го достигнаа повеќегодишниот максимум, според трговците, може да биде запрен ако САД ги укинат санкциите кон Иран, а тоа би придонело за зголемена испорака и поголема понуда на „црното злато“ на глобалниот пазар. На Азиската берза утрово цената на европската нафта Брент се намали за пет центи или за 0,1 отсто и барел се тргуваше за 93,22 долари. Додека цената на американската нафта денеска се продаваше за 63 центи помалку од петокот односно барел нафта се тргуваше за 91,68 долари. САД на 4 февруари најавија укинување на дел од санкциите кон…
Вкупно 312 сообраќајни мерки се изречени на територија на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли. Од нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 77 санкции, 70 за недавање првенство на минување на пешаци, 38 мерки за возење без возачка дозвола, а 34 санкции за возење под дејство на алкохол. – Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, 19 санкции за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, седум мерки за возач почетник, пет за користење мобилен телефон, информираа денеска од МВР. Најавуваат продолжување на засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат…
Дијалогот меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија е динамичен и треба да добие поддршка од европските партнери, смета известувачот за Македонија во Европскиот парламент и бугарски европратеник Илхан Ќучук. Според него, односите меѓу двете земји треба дополнително да се развиваат на ниво на секторски политики и да добијат поддршка од целото општество, вклучително и од опозицијата, бидејќи не се доволни само напорите на двајцата премиери. -Средбата на претседателот Пендаровски со претставниците на ОМО-Илинден секако не помага за добрососедските односи меѓу двете земји, додава Ќучук, објави „БНТ“.
Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ тврдат дека го хакирале македонското Министерство за образование и наука. Според Твитер профилот „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери. Вчера од Министерството за бразование за ТВ21 изјавија дека имало обид за хакерски напад, но објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери. Ministry of Education and Science of North Macedonia – https://t.co/HkkXOkVH8T has been hacked by Powerful Greek Army. Database dumped: https://t.co/44LIe1iXXi. We…
„Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира ниту еден проект а сопре и неколку готови проекти. Нивелирање на неколку шахти и поставување на мобилни тоалети ниту се проекти ниту носат развој на градот“, вели СДСМ. „Арсовска ништо не направи за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обезбедени средства. Арсовска не ја продолжи ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за…
Во Подгорица денеска ќе се одржи четвртата вонредна седница на Собранието на Црна Гора, на која пратениците на предлог на опозицијата ќе одлучуваат за смена на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ. Во образложението на предлогот се наведува дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не успеало да исполни една од основните функции и да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора. Пратениците од опозицијата го поднесоа предлогот, а единствениот кој не го потпиша беше пратеникот на Албанската листа, Генци Ниманбегу. Демократскиот фронт (ДФ) и Социјалистичката народна партија (СНП),…
Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради снежната бура и прекинот во процесот на имунизација, Министерството за здравство на Грција, на граѓаните им даде дополнителен период од неколку дена. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вакцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три…
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, на кои ќе бидат разгледани повеќе закони со европско знаменце, меѓу кои и Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање. На дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања се Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите во прво читање како и предлог финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2022 година. Членовите на Комисијата за…
Неделава, на 10 или 11 февруари, двете министерства за надворешни работи, на Северна Македонија и на Бугарија, во Софија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите меѓу двете земји. Состаноците на работните групи, пак, кои беа формирани на заедничката меѓувладина седница што се одржа во Софија на 25-ти јануари, ќе продолжат со најавеното темпо – четири пати во месецот ќе се среќаваат делегции на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата. Како што најави на брифингот со новинарите во саботата шефот на дипломатијата Бујар…
На седница на Економскиот совет на Владата денеска се очекува да биде разгледано се за што е разговарано досега во однос на синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата. По ова, треба да се одржи нова седница на Економско-социјалниот совет по онаа во петокот кога не беше постигнат договор. Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Очекува уште денеска да има решение за покачување на минималната плата. -Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата…
Активни се 12.324 случаи во државава од кои најголем број 6484 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 4.695 тестови, регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти. Од вкупно 1.045 позитивни, регистрирани се 132 реинфекции. Потпретседателката и раководител на Одделот за воспаленија и имунолошки истражувања во компанијата „Фајзер“, доктор Елена Пеева, македонка, која 30 години живее и работи во САД во интервју за МИА истакнува дека клиничките и епидемиолошките испитувања недвосмислено покажуваат дека засилувачката вакцина дава подобра заштита за омикрон варијантата отколку една или две дози од…