Author: Ivana
Владата завчера по препорака на Комисијата за заразни болести одлучи наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, но Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера побараа преиспитување на оваа одлука. Во исто време, се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот изминатите денови. Во земјава вчера беа активни 16.442 случаи на коронавирус. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во изјава за МИА вчера истакна дека во период кога во земјава расте процентот на новозаболени од КОВИД-19,…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува…
Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски (66), кој ненадејно почина пред пет дена, е погребан во Алејата на великаните на загрепските гробишта Мирогој. Семејството и пријателите денеска се простија од легендарниот Аки, а меѓу нив беа и бројни хрватски музички ѕвезди. На ковчегот на Аки беше поставено македонско знаме, а беше изведена и македонската народна песната „Зошто си ме мајко родила“. Многумина ги расплака говорот на неговата ќерка Дина: – Во една прилика ми рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е…
Бустер дозата би можела да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион, објави денеска агенцијата на Европската унија за јавно здравје, иако варијантата омикрон невидено се шири. „Тековната примена на бустер дозата постигната до почетокот на јануари би можела да го намали болничкиот прием на пациенти заразени со омикрон за 500.000 до 800.000“ во Европа, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Податоците вклучуваат 27 држави од Европската унија и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Во моментов, 70 отсто од населението на Унијата се целосно вакцинирани, а половина од нив примиле бустер доза. „Проширувањето на…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека во овој момент главните осомничени за планирање на атентатот на српскиот претседател Александар Вучиќ се надвор од дофатот на безбедносните служби. Меѓу нив има и двајца црногорски државјани, но и државјани на земји од и надвор од Европската Унија, пренесуваат медиумите во соседството. Брнабиќ изјави дека службите деноноќно работат на пронаоѓање на оние кои го планирале атентатот на претседателот на Србија. „Она што е важно да го нагласам за сите наши граѓани – дури и во овој момент, сите оние кои се осомничени и за кои имаме докази се надвор од дофатот на…
Бројот на загинати во тропската бура Ана се искачи на најмалку 12 во Мозамбик и Малави, соопштија денеска властите, иако официјалните лица и хуманитарните агенции сè уште го проценуваат целосното влијание на бурата што во понеделникот ја погоди јужна Африка. Националниот институт за управување со вонредни состојби во Мозамбик вчера соопшти дека загинале осум лица, 54 се повредени, а 895 се евакуирани, пренесува „Ројтерс“. Повеќе од 20.000 луѓе во Мозамбик беа погодени од невремето, повеќе од 3.000 домови беа делумно уништени, а над 600 домови беа целосно уништени.
Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот. Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка. – Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза, рече Оербахер. – За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати…
Американката Даниеле Колинс се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Таа попладнево по само еден час и 19 минути игра ја совлада полската тенисерка Ига Швјатек со 2:0. Колинс првиот сет го доби со 6:4, а во вториот на ривалката и препушти само еден гем. Во борбата за престижниот трофеј на турнирот во Мелбурн, Колинс в сабота ќе се соочи со домашната тенисерка Ешли Барти. Колинс е 27-ма носителка на турнирот, додека Барти е прва фаворитка. Грен слемот Австралија опен се игра за награден фонд од 54 милиони долари.
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да ја посети Турција, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата Анадолија. Состанокот ќе се одржи штом ситуацијата со пандемијата и распоредите на двајцата лидери ќе го дозволат тоа, појасни Песков за новинарите на дневниот брифинг во Москва. Тој додаде дека поради пандемијата од коронавирус имало „одредена пауза“ во одржувањето на состаноците на меѓувладината комисија и Советот за соработка на високо ниво, на чие чело се двајцата претседатели. Песков соопшти дека на оваа тема се разговарало неколку пати во неодамнешните контакти на двајцата лидери.…
Вонредно побарав збор за, од страна на СИРИЗА, да доставам предлог за гласање недоверба на најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата, бидејќи дојде време да си одите, земјата да земе здив, затоа што во демократијата не постојат безизлезни ситуации, рече од Парламентот лидерот на грчката опозициска партија Алексис Ципрас и достави предлог за гласање недоверба на Владата на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор и упати остри критики и обвинувања до Владата за справувањето со снежната бура. Рече дека невремето најавено…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот. Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и…
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси е разочаран од постапките на поранешниот соиграч Жерар Пике, кој одби да ја намали платата за Аргентинецот да има можност да остане во каталонскиот клуб, изјави новинарот Луис Канут во програмата „Onze на TV3“. – Последното продолжување на договорот на Пике го повреди Меси, тој е разочаран. Се чувствува изневерено. Пике не го продолжи договорот додека Меси не ја напушти Барса. Според мислењето на Меси, тој можеше порано да го обнови договорот за да се обиде да го спречи неговото заминување, изјави Канут. Триесет и четиригодишниот Аргентинец се пресели во ПСЖ од Барселона во…