Американката Даниеле Колинс се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Таа попладнево по само еден час и 19 минути игра ја совлада полската тенисерка Ига Швјатек со 2:0.

Колинс првиот сет го доби со 6:4, а во вториот на ривалката и препушти само еден гем.

Во борбата за престижниот трофеј на турнирот во Мелбурн, Колинс в сабота ќе се соочи со домашната тенисерка Ешли Барти.

Колинс е 27-ма носителка на турнирот, додека Барти е прва фаворитка.

Грен слемот Австралија опен се игра за награден фонд од 54 милиони долари.