Author: Ivana

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.063 нови случаи на коронавирус и 37 починати, што преставува речиси ист рекорден број на заболени како и вчера кога беа евидентирани 19.901. Првиот петцифрен број на новозаболени е забележан на 11 јануари годинава или 13.693 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Во Србија според податоците на Министерството за здравство, досега од коронавирусот се заразени вкупно 1.598.910 лица, а регистрирани се 13.377 семртни случаи. Во болниците во моментов се наоѓаат 3.206 пацинти, од кои 138 се на респиратор. Во последните 24 часа тестирани се 37.811 лица, а досега вкупно 7.974.355. Епидемиологот…

Read More

 Граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег од речното (езерското) корито на Матка. Зоната е ризична и ќе биде обележана, но ќе се ограничи и движењето, соопшти Ценарот за управување со кризи (ЦУК).Мес Ова е и еден од заклучоците донесени на денешниот работен состанок на ЦУК што се одржа под раководство на директорот Стојанче Ангелов, со претставници на институции, експерти и научни работници од државата, како и со претставници на дел од субјектите на Системот за управување со кризи. На состанокот беше констатирано дека состојбата со карпата на Матка на долг рок е неодржлива. Карпата има гранична…

Read More

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, денеска остварија работна средба со вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер и полициското аташе во ИЦИТАП Програмата на Одделот за правда на САД, Карл Рејшам. -Вршителот на должност амбасадор на САД Мејер упати честитки по повод реизборот на Спасовски за министер за внатрешни работи и изрази уверување за понатамошно продлабочување на веќе воспоставената одлична соработка и поддршка од страна на Владата на САД, соопшти МВР. Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка и…

Read More

Полицијата пресече транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што од слобода се лишени М.А. (63), Д.К. (45) и Ј.К. (82). Акцијата е спроведена вчера од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски утре ќе престојува во посета на Белград. Како што јави дописникот на МИА од Белград, повикувајќи се на соопштение од српското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски заедно со колегите од Албанија, Фрида Крисца и Република Српска, Борис Пашалиќ, ќе присуствува на отворањето на третиот Меѓународен саем за овошје, зеленчук и лозарство „Агро Белград“, што ќе го отври српскиот ресорен министер Бранислав Недимовиќ. „Агро Белград“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 27 до 29 јануари и на него ќе се претстават 500 изложувачи од Србија и светот и пет делегации…

Read More

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 19.901 случај на инфекција со коронавирус, што е највисок број на заболени за еден ден од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Белград. Досега најголем број новозаболени имаше на 18 јануари – 18.006. Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 19.901 случај на инфекција со коронавирус од 39.282 тестирани примероци. Како последица на инфекцијата починале уште 34 лица. На болничко лекување се 3.114 лица, а на респиратори 131 пациент. Редиците пред ковид амбулантите низ Србија не се намалуваат, а веќе со денови е регистриран петцифрен број на заболени. Во…

Read More

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц основал компанија во Австрија, пишува „Кронен Цајтунг“, повикувајќи се на луѓе блиски до поранешниот канцелар. Компанијата се вика SK Management GmbH во провинцијата Долна Австрија, област Валдфиртел, со која тој е тесно поврзан бидејќи неговите баба и дедо се од таму. Курц е управен директор и единствен акционер на неговата компанија. Капиталниот влог изнесува 35.000 евра. При основањето на компанијата, како нејзина дејност е наведено „поседување и управување со акции, обезбедување услуги за управување и консалтинг за менаџмент“. Претходно беше објавено дека Курц во февруари ќе почне да работи во САД за соработникот на милијардерот…

Read More

Албанскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета денеска оствари итна средба со началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Бајрам Бегај. Украина била во фокус на разговорот, за кој шефот на албанската држава информираше преку објава на Фејсбук, наведувајќи дека ја споделиле заедничката загриженост со сите партнери во НАТО за „заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја“. – Денеска имав многу плодна работна средба со началникот на ГШ на вооружените сили, генерал-мајор Бајрам Бегај. Разговаравме за ситуацијата во и околу Украина. Ја споделуваме заедничката загриженост со сите наши партнери во НАТО за заканата…

Read More

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ порача дека на Украина не ѝ местото во НАТО, а ситуацијата на украинско-руската граница ја оцени како сериозна криза зад која првенствено стои динамиката на американската внатрешна политика, додавајќи дека Хрватска на никаков начин нема да се меша во кризата ако дојде до нејзина ескалација и дека таму нема да има свои војници. Тој истакна дека Украина нема што да бара во НАТО и дека Европската Унија таму поттикнала „државен удар“ со кој во 2014 беше турнат од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович. Западните земји предупредуваат на „сè поголемата закана“ од руска инвазија во Украина, па…

Read More

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе. – Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од појава на тешки форми на болест и хоспитализација, ја препознавме потребата од нова вакцина во случај оваа заштита да ослабне со текот на времето и потенцијално да помогнеме во решавање на проблеми предизвикани од омикрон или можни нови соеви во иднина, се наведува во соопштението на…

Read More

Велика Британија, Канада, Шведска, Швајцарија и САД планираат на крајот од месецов да основаат фонд за помош на Украина со финансирање од 35 милиони фунти (над 47 милиони долари) за период од три години, соопшти денеска прес-службата на Министерството за реинтеграција на неконтролирани територии на Украина. Станува збор за создавање на меѓународниот фонд „Партнерство за силна Украина“. Тоа е заедничка иницијатива на Велика Британија, САД, Канада, Шведска и Швајцарија. Овој месец, на 31 јануари, се планира фондот и официјално да почне со работа со потпишување договор, стои во соопштението на Министерството. Целта на фондот е поддршка на долгорочен одржлив развој и зголемување на отпорноста на општините погодени од руската агресија,…

Read More

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор една година, е вклучен на листата на терористи и екстремисти на руската служба за финансиски мониторинг „Росфинмониторинг“, која е задолжена за борба против перење пари и финансирање тероризам. На списокот се најде и една од неговите соработници Љубов Собол, која побегна во егзил пред да биде кривично гонета. Покрај организацијата на Навални која беше забранета во јуни на списокот се додадени уште најмалку девет лица поврзани со неговото движење. Во средината на јануари, на списокот беа додадени двајца од главните соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои живеат во…

Read More