Author: Ivana
Заглавени возачи со часови на улици и булевари, полесно повредени патници на воз, паднати дрва, прекини во снабдувањето со електрична енергија, остави зад себе невремето „Елпида“, снежната бура што од вчера наутро ја зафати областа Атика поширокиот дел на Атина, а денеска, со одлука на грчката Влада е неработен ден за јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Особено тешка беше ситуацијата на автопатот што ги поврзува атинските предградија, каде што стотици автомобили над 12 часа останаа заглавени и синоќа беше активирана војската која во текот на целата ноќ интервенираше за да им помогнат на возачите, а…
Италијанскиот Парламент не избра претседател во првиот круг, бидејќи ниту еден кандидат не доби доволен број гласови на тајното гласање, а за денеска е закажано ново гласање. Околу 1.000 членови на двата дома на парламентот, Претставничкиот дом и Сенатот, и претставниците на регионите и автономните покраини почнаа да гласаат вчера попладне за избор на наследник на Серџо Матарела, а на победникот на тајното гласање му треба два третинско мнозинство во кој било од трите круга на гласање. Гласањето се повторува сè додека еден од кандидатите не добие доволно гласови. Во првите три гласања тоа се 672 гласа, а доколку ниту еден од кандидатите не успее да ги помине…
Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени. Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15. Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.…
Почнува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се осомничени за нелегалната набавка на софтвер. Судскиот процес ќе го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Л Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ. Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за…
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го достави најавуваниот предлог за укинување на 100 дена „пржинска влада“, пред одржување на парламентарни избори со цел, како што велат од партијата, во услови на сеопфатна криза да не се губи време, зашто таква техничка влада и онака нема моќ за значајни одлуки. Од партијата бараат веднаш потоа да се организираат брзи избори. Партиите од владејачкото мнозинство се согласуваат дека е потребно укинување на „пржинската влада“, но, нагласуваат дека за тоа е потребен консензус меѓу партиите. За постигнување консензус има време, велат оттаму, бидејќи предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024…
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, од кои во моментов активни се 20.020. Во изминатото деноноќие беа регистрирани 718 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.044 тестирања. Регистрирани се 95 реинфекции. Најголем број активни случаи има во Скопје – 11.012, потоа Битола – 1.542 и Прилеп – 785. Најмалку активни случаи има во Дојран – 13, Дебар – 20, Демир Капија – 21. Во текот на изминатите 24-часа починаа 22 лица, од кои девет биле целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети. Во земјава се уште се очекува дали изолацијата ќе биде скратена…
Во Крушево денеска ќе биде одбележан 41 роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Велика Градишка во Хрватска. Одбележувањето ќе започне со крводарителска акција во спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење, а во 10:30 часот е најавена промоција на книгата на Бојан Тодоровски и музички настап на Никола Зацески со групата „Мелем“. Од 11 часот ќе биде промовирана збирката песни „1 200 молитви за Тоше“, со музички перформанс на Горан Папаз, а напладне ќе бидат доделени хуманитарни ваучери. Од 12:30 часот е планирана посета на вечното почивалиште…
Четири лица се повредени во вооружениот напад на Универзитетот Хајделберг, во југозападна Германија, во кој напаѓачот беше убиен, изјавија безбедносни извори за ДПА. Една од жртвите е во животно загрозувачка состојба, додаваат оттаму. Непознат напаѓач наводно отворил оган во една од аудиториумите во реонот на универзитетот. По акцијата на припадниците на безбедносните сили тој бил застрелан и од здобиените повреди починал. Полицијата преку Твитер објави дека имало поголема интервенција во Нојнхајмер Фелд. „Според досегашните информации, едно лице таму повредило неколку лица. Нонхајмер Фелд моментално е затворен, а деталите сè уште не се познати“ – навела полицијата. Според известувањето на телевизијата…
Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил заклучоци за европската безбедносна ситуација во кои се наведува дека европската безбедност е неделива и дека секое оспорување на европскиот безбедносен поредок влијае врз безбедноста на ЕУ и нејзините земји-членки. Во своите заклучоци, Советот ги осудува континуираните агресивни дејствија и закани на Русија кон Украина и ја повикува Русија на деескалација, да се придржува до меѓународното право и да се вклучи конструктивно во дијалог преку воспоставените меѓународни механизми. Во соопштението на Советот се потсетува на изјавата на шефовите на држави и влади на ЕУ на состанокот на Европскиот совет во декември 2021 година…
Поради брзото ширење на сојот омикрон во Словенија од денеска се скратува десетдневниот период на изолација на заразените, па тие ќе можат да се вратат на работа по седум дена, доколку добијат негативен тест. Во „дежелата“ во последните 24 часа три четвртини однаправените тестови биле позитивни, односно од 11.104 тестирани регистрирани се 8.396 нови случаи на инфекција со коронавирус. Бројот на новозаразени е помал од претходниот ден, но е за 60 отсто поголем од пред седум дена, пренесе Хина. Владата одлучи да ја скрати изолацијата за да спречи персоналниот колапс на есенцијалните дејности, но и на целата економија, поради големиот…
НАТО во понеделникот објави дека го ставиле своите војски во состојба на готовност и дека во источна Европа ќе испратат дополнителни борбени бродови авиони како одговор на наводното групирање на руски единици на украинската граница. Западните земји предводени од САД и Велика Британија се решија на ваков потег тврдејќи дека Русија подготвува инвазија врз Украина, иако Москва отфрла дека постои таков план и предупредува на подготовки на Западот и на властите во Киев за провокации и воена разврска на украинскиот конфликт. „Го поздравувам тоа што сојузниците испраќаат дополнителни сили на НАТО. Алијансата ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки…
Предупредување за многу интензивни врнежи од снег во следните часови во вашиот регион, избегнувајте секакви непотребни движења, е пораката што претпладнево ја добија жителите на Атика, поширокиот регион на Атина, поради снежната бура што создаде проблеми на повеќе булевари, прекин во јавниот сообраќај и ги затвори училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Снегот утрово започна интензивно да паѓа во повеќе делови на Атина, особено во северниот дел, каде што се регистрирани поголем дел од проблемите. Државните службеници порано си заминаа од работа, Парламентот ја прекина седницата, а одложена е и вакцинацијата во областа Атика и на Евија. Иако снежната…