Author: Ivana

Дел од учениците во Софија, Бургас и Благоевград од денеска ќе учат онлајн. Учениците од 5, 6, 8, 9 и 11 одделенија во Софија и Бургас од 24 јануари една недела ќе учат онлајн, поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот во Бугарија. Наставата ќе се одржува од далечина за сите ученици од 5-то до 12-то одделение во областа Благоевград, соопшти бугарското Министерство за образование. Дописникот на МИА од Софија јави дека министерот за образование и наука на земјата Николај Денков издал наредба за организирање онлајн настава по барање на регионалните здравствени инспекторати во трите области на Бугарија. Другите ученици…

Read More

Градинките, основните и средни училишта во областа Атика, поширокиот дел на Атина, но и во други делови на Грција денеска и утре ќе бидат затворени, а учениците ќе следат онлајн настава, поради невремето „Елпида“ што според метеоролозите ќе донесе обилни врнежи од снег, јави дописничката на МИА од Атина. Во Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција вчера беше одржан вонреден состанок со претставници на перифериите, општините, противпожарната служба, армијата, полицијата, итната помош, за подготвеноста на државниот механизам за справување со снежната бура, а надлежниот министер Христос Стилијанидис, рече дека биле разгледани три теми: работата на училиштата, да…

Read More

Владин тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски денеска заминува во официјална посета на Софија каде што утре ќе се одржи заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, премиерот Ковачевски и владината делегација ќе бидат официјално пречекани од бугарскиот премиер Кирил Петков попладне во 16 часот на плоштадот „Св. Александар Невски“. Двајцата премиери ќе положат венци пред Споменикот на непознатиот војник. Заедничката седница состанок на владите на Бугарија и Северна Македонија ќе се одржи утре во резиденцијата „Бојана“ со воведно обраќање на премиерите Петков и Ковачевски. Предвидено е…

Read More

На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница. Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција денеска ќе одржи онлајн јавна дебата на тема „Интегритет во високото образование – Поттикнување на борбата против корупцијата“. Дебатата ќе ја води претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, а воведни обраќања ќе имаат министерот за образование Јетон Шаќири, Наумче Мојсовски директор на Агенција за млади и спорт и претседателот на Младински образовен форум Петар Барлаковски. –Ова е прва од серијата онлајн тематски дебати за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и интегритет и за достапните алатки за спречување и пријавување на корупција и судир на интереси, како и презентирање на моделите на превенција и санкционирање на корупцијата од самите…

Read More

Втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнува денеска. Свеченото отворање на Школата ќе се одржи утрово преку платформата Зум, при што поздравно обраќање ќе има ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Преку виртуелна настава, над 40 странски македонсисти и слависти од 17 земји, во период од 24 до 29 јануари ќе ги продлабочат своите познавања и ќе согледаат нови предизвици за своите проучувања за македонскиот јазик, литература и култура. Веднаш по отворањето, Школата ќе започне со интензивна работа –…

Read More

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот. Харолд Вилсон, британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запаметиме по неговата легендарна изјава во која рекол: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“. Но сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување…

Read More

Финалното решение со Бугарија треба да биде претставено пред пратениците. Мора да влезе во Законодавниот дом, за него да се дебатира и да се гласа со мнозинство, но не двотретинско зашто тоа е многу тешко да се добие, смета претседателот Стево Пендаровски. Граѓаните од двете страни, и од македонска и од бугарска, оценува претседателот, мора да знаат за што се преговара. Според шефот на државата, никако не може да се „протне“ решение кое би било недостоинствено. -Не, нема шанси тоа да се случи. Не може да се протне такво решение. Прво јас ќе излезам на прес-конференција и ќе кажам „народе,…

Read More

Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница. -Ги известуваме работниците и работничките кои ќе работат на 19.01.2022 година, Богојавление – Водици, дека им следува празнична дневница поради работа на…

Read More

Во однос на тактиката нашиот заеднички став беше – ништо не е договорено додека не е договорен цел пакет и затоа ништо не може да се спроведува. Ние денес направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто, што нам ни треба и ни е важно, изјави вечерва поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, во однос на тоа дека Бугарија веќе не се противи на користењето на скратеното име Северна Македонија во меѓународните организации. Тоа што посебно, како што рече, денеска му пречи, и чувствува разочараност, затоа што сме имале…

Read More

Со заеднички чекори, од двете страни, решено е едно отворено прашање кое ни претставуваше проблем во дел од меѓународните организации, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во врска со одлуката на Бугарија да го користи скратеното име на нашата држава – Северна Македонија. Ова, според Маричиќ, е гест на добра волја од двете страни за да се стекне натамошната доверба. -Со овој чекор кој е едно од отворените прашања, решаваме еден проблем – затвораме едно прашање и креваме една од блокадите. Со ова се затвора еден проблем. Бугарија практично ја менува својата позиција и почнува да го користи краткото име.…

Read More

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара Владата да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор. -По добиени поплаки од страна на членови на секцијата на сниматели при ЗНМ, апелираме дека Владата треба да ги почитува здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор. Имено, на фотографиите од денешниот настан може да се забележи дека снимателите немаат безбедни услови за работа поради несоодветниот простор во кој нема речиси никаква дистанца помеѓу медиумските работници, а со тоа директно се изложени на здравствен ризик по нивното здравје, наведува ЗНМ. ЗНМ додава дека бара од Владата кога…

Read More