Author: Ivana
„Брако“ е сертифицирана компанија што веќе втора учебна година по ред спроведува дуално стручно образование според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK). Компанијата ги пренесува практичните знаења и вештини во создавањето квалификувани кадри од областа на современото машинство. Како што информираат од „Брако“, по завршувањето на средното образование се отвора можност овие кадри да бидат вработени и директно вклучени во производствени технолошки процеси за кои стекнале не само теоретски, туку и практични вештини. Според компанијата, тоа е „вин – вин“ ситуација од која сите би имале краткорочна и долгорочна полза. -За време на практичната настава, учениците…
Претседателот Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во повеќе сфери од заеднички интерес, со оглед на тоа дека Северна Македонија и Бугарија се блиски соседи и сојузници во НАТО. Во таа насока претседателот изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, изнесените конкретни предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период со цел постигнување мерливи резултати во интерес на граѓаните. Во однос на отворените прашања меѓу двете земји, претседателот посочи дека е потребно враќање на довербата…
Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебната година за основните и средните училишта да се одложи, односно наставата со физичко присуство да продолжи на 1 февруари, согласно заклучокот од Главниот координативен кризен ковид-19 штаб и согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за настаната програма за основно и средно…
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Дебрецин загуби од фаворитот Данска со 21:31. За избраниците на селекторот Кирил Лазаров ова беше трет пораз на исто толку натпревари во А-групата од Европското првенство во Унгарија и Словачка. По добриот старт и водството од 4:0 (7. минута), македонските репрезентативци се потешко го наоѓаа патот до гостинскиот гол, а Данците ги преземаа работите во свои раце и на паузата заминаа со водство 15:11. Во вториот дел квалитетот на противникот дојде до израз и на крајот победата на Данска беше изразена со две цифри. Најефикасен во македонскиот состав вечерва беше Жарко Пешевски со шест голови.…
Не мора да има правило на реципроцитет, но барем да покажат добра волја, да имплементираат една одлука Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Стразбур и да дозволат ОМО „Илинден“ да се регистрираат во Бугарија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 зборувајќи на тема за преговорите со Софија и нивните барања, меѓу кои и Бугарите да се вметнат во уставот на Северна Македонија. Мицкоски коментираше дека е чудно истовремено да велите дека не го спорите определувањето на македонскиот народ, а од друга страна да не знаете дека постои македонско малцинство во Бугарија кое…
Денеска со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска. Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година. Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи…
Адмирим Алити ја презеде функцијата министер за информатичко општество и администрација од досегашниот министер Јетон Шаќири. Примопредавањето беше извршено денеска во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација. Досегашниот министер за информатичко општество Шаќири од ДУИ ја продолжува работата во Владата како министер за образование и наука. Алити доаѓа на министерската позиција во МИОА како кадар на Алтернатива. Во неговата биографија се наведува дека е ИТ консултант, докторант на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде и дипломирал. Магистрирал информациски системи на Универзитетот Лине во Шведска. Тој е асистент и предава различни предмети на Катедрата за информатика на Универзитетот „Мајка Тереза“…
Доцна вечерва новата влада ќе одржи уште една седница, втора откако претходно во текот на денот ја одржа првата конститутивна седница. Втората седница треба да започне во 21:30 часот. Во моментов, пак, заседава Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на кој се разгледува прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование. На првата седница, беа именувани вицепремиерите во владата на Ковачевски: Артан Груби за прв вицепремиер; Славица Грковска вицепремиерка за политики на добро владеење, Фатмир Битиќи за економски прашања; Бојан Маричиќ за европски прашања; и Џемаил Чупи за дијаспора. Исто така, за шеф на кабинет на Ковачевски беше определен Мартин Попов, а беа избрани…
Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарскатѕа министерка за здравство Асена Шербезова. „Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Северна Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената“ зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација или прележана болест, со…
Во Македонија пристигна извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица. Извештајот се чекаше повеќе од 4 месеци. Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош. Сега се чека добиениот документ да се преведе, па потоа да може да се анализира и да се донесе одлука. За сега нема отворено истрага против никого, туку се води предистражна постапка. Извештајот се наоѓа кај тетовските обвинители кои се уште водат предистражна постапка за несреќниот случај.
Стопанската комора пред Уставниот суд ги оспорила законските измени на Законот за работни односи со кои се воведе правилото дека недела е ден за одмор односно неработна. Од Комората го оспориле законот бидејќи сметаат дека е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво. – Подносителот го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во ’Службен весник на РСМ‘ бр. 288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела, соопшти Уставниот суд. Недела како неработен ден стапи на сила од 1 јануари…
Репрезентацијата на Црна Гора вечерва во Дебрецин ја победи Словенија сои 33:32 и си обезбеди учество во втората фаза на Европското ракометно првенство. Црногорците охрабрени од победата над Македонија извојувана во саботата, одиграа пожртвувано до самиот крај и успеаја негативата од три гола (16:19) што ја имаа по првото полувреме, да ја претворат во голем триумф. Јунак на мечот беше голманот на Црна Гора, Небојша Симиќ со неколку извонредни одбрани во моментите кога се одлучуваше победникот. За Црна Гора пласманот во главната фаза на Европското првенство е прв во нивна историјата. Од А-групата, претходно место во следниот круг си обезбеди…