Доцна вечерва новата влада ќе одржи уште една седница, втора откако претходно во текот на денот ја одржа првата конститутивна седница.

Втората седница треба да започне во 21:30 часот.

Во моментов, пак, заседава Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на кој се разгледува прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.

На првата седница, беа именувани вицепремиерите во владата на Ковачевски: Артан Груби за прв вицепремиер; Славица Грковска вицепремиерка за политики на добро владеење, Фатмир Битиќи за економски прашања; Бојан Маричиќ за европски прашања; и Џемаил Чупи за дијаспора.

Исто така, за шеф на кабинет на Ковачевски беше определен Мартин Попов, а беа избрани и основните и посебните комисии на Владата.