Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Путин, исто така, го истакна огромниот креативен, несебичен придонес што Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија го даваат за зачувување на богатото историско, патриотско и културно наследство на Русија, зајакнување на институцијата семејство и едукацијата на младите луѓе. Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Божик на православните христијани и на сите руски граѓани, соопшти прес-службата на Кремљ. Путин во овогодинешната честитка вели дека Божик е еден од најголемите и најомилените христијански празници и дека има посебно морално значење, пренесува РИА Новости. „Со обединувањето на луѓето околу високите духовни идеали и вредности, Божик ги исполнува срцата со…
На 06.01.2022 година во ОВР Струга, пријавено e дека Б.Ш.(30) од струшкото село Октиси во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Снимен е видеозапис за песната „Божикна серенада” – шести по ред традиционален подарок за Божик од Бигорскиот манастир и Бадникови поворки. -Овој видеозапис ја оживува серенадата преку една прекрасна божикна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна нè враќа во минатото на Битола, градот кој ја има серенадата како дел од својата културна традиција, соопшти Здружението за возобновување на православните традиции. Божикната серенада има специфичен богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму…
Иако, нашата првична намера беше да ја афирмираме македонската традиција во Голо Брдо, сепак, со оглед на интересот на Македонците од Преспа, Врбник, Елбасан, Тирана, ние го напуштивме првичниот концепт и станавме глас на Македонците во цела Албанија. Од многуте настани и активности, каде што веќе почнавме редовно да имаме свои претставници, сакам да ја споменам средбата кај претседателот Илир Мета, со претставници на малцинствата, кога во дворот на претседателската резиденција, се слушаше „Бисер балкански“ и се играше македонско оро. Изминатата година беше година со многу работа за македонското национално малцинство во Република Албанија, а еден од најзначените настани беше…
Некои приградски возови во Токио доцнеа поради обилниот снег, објави железничкиот оператор ЈР Ист на својата веб-страница.На Твитер, метеоролошката агенција ги предупреди жителите дека „потребна е внимателност поради обилен снег“ во центарот на Токио. Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа Токио за првпат од 2018 година, предупредувајќи на потенцијално нарушување на сообраќајот.…
Сепак, Радев, паралелно со тоа, изрази очекување дека „ќе се решат сите отворени прашања, како што се гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство што ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да можеме да ја отвориме вратата за преговори за членство на земјата“. Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додава дека…
Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во честитката по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. Божиќната честитка со која посакува празникот да го поминат во добро здравје, во радост и во среќа, шефот на државата ја упати до сите граѓани кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г.…
Религијата и науката можат и мора да делуваат заедно, особено во вакви тешки времиња. Оваа година сите тројца, и двајцата кумови и здравичарот, се уметници и хуманисти. Голема чест за мене е што на вакви личности им ја предваам оваа чест. Минатата беше најтешка година во историјата на државата и се надеваме, се молиме да не се повтори, потенцира Пановски. Желби за здравје, љубов, насмевки, мир во домот и во семејствата, слога и почитување, упатија од денешната традиционална бадникова прослава поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, новите кумови Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, здравичарот Живко Поповски – Цветин, како…
Дали размислуваме за тоа како празнуваме и како го славиме Господа, што му подаруваме, дали носиме доволно љубов и дали имаме доволно љубов за луѓето околу нас? Дали е доволно да имаме љубов само за Бадник, Божиќ и Велигден? Само со живот според верата секој ден ќе ни биде како Божик и како Велигден, истакна поглаварот на МПЦ-ОА Што е попотребно од мирот на земјата и од мирот во секој човек, од мирот во семејството, мирот меѓу народите и државите. Што повеќе им доликува на луѓето од тоа да живеат во мир и да покажуваат добра волја, рече поглаварот на…
Тринаесет припадници на безбедносните сили загинаа за време на насилните масовни протести поради цените на горивата во Казахстан, јави ДПА повикувајќи се на државните медиуми. Според казахстанските медиуми, смртните случаи се регистрирани во Алмати, најголемиот град во државата и место на големи немири во изминатите денови. Повредени се најмалку 350 припадници на безбедносните сили. Во државните медиуми нема информации за загинати цивили. Претходните извештаи на локалните медиуми ја цитираа казахстанската полиција дека полицајците „елиминирале десетици напаѓачи“ вÐ ¾ ноќните судири меѓу антивладините демонстранти и војската во Алмати, што може да значи и смртни случаи, јави ДПА.
Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, го честита Бадник и на граѓаните им посакува добро здравје, радост во срцата и благосостојба во нивните домови. – Бадник е предвесник на Христовото раѓање, денот на надежта и оптимизмот, посакувам да го дочекаме сите во слога, спокој, семеен мир и радост. Нека е за многу години Бадник, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил.
Денес, Владата предводена од СДСМ и во услови на глобална енергетска криза презема низа мерки за справување со истата како и заштита на животниот стандард на граѓаните и стопанството. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата имаше највисок раст од 100%, а добар дел од тој режимски период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ, соопштија денеска од СДСМ. Тоа што од ВМРО-ДПМНЕ избегнуваат да го кажат е дека без да има глобална енергетска криза и без трошка срам пред народот, ја укинаа дневната евтина тарифа, а потоа како…