Путин, исто така, го истакна огромниот креативен, несебичен придонес што Руската православна црква и другите христијански конфесии во Русија го даваат за зачувување на богатото историско, патриотско и културно наследство на Русија, зајакнување на институцијата семејство и едукацијата на младите луѓе.

Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Божик на православните христијани и на сите руски граѓани, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин во овогодинешната честитка вели дека Божик е еден од најголемите и најомилените христијански празници и дека има посебно морално значење, пренесува РИА Новости.

„Со обединувањето на луѓето околу високите духовни идеали и вредности, Божик ги исполнува срцата со радост и светли надежи и инспирира нови достигнувања“, нагласува Путин во својата честитка.

Тој посочува дека Божик како празник е поврзан со добри семејни традиции кои се пренесуваат од колено на колено.