Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Сега веќе немаат никаква смисла сертификатите за примени вакцини – треба веднаш да се укинат!, советува д-р Даниловски По значително зголемениот број заразени со ковид-19 во земјата – вчера имаше 1.197 заразени, а, според неофицијални информации од Институтот за јавно здравје, денеска бројките се уште поголеми – има околу 1.400 нови случаи, проф. д-р Драган Даниловски порачува – да не се бројат заразените и да се укинат сертификатите, а од „цунамито“ да се засолнат постарите од 70 години, лицата со хронични болести и трудниците! – Веќе нема никаква смисла да се бројат заразените, зашто сите ќе се заразиме во наредните…
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што на својот Фејсбук-профил објави Гаши, на средбата било разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација. – Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, разговаравме и за иднината на државата и владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација, напиша Гаши. Алтернатива, како дел од новата влада, посочува тој, ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство и градење на прогресивна држава.
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, соопштија од Кабинетот на претседателот. На средбата соговорниците разговараа за политичките случувања во земјата во пресрет на формирањето на новата влада, како и за очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи на Северна Македонија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Истовремено, претседателот Пендаровски констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори,…
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. По одделни котлини се уште ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Како што соопшти УХМР, од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат.
Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци, уверува д-р Беќаровски И кај нас ќе се намали изолацијата на асимптоматските случаи од 10 најверојатно на седум дена, но предлог-одлуката од Комисијата за заразни болести ќе „падне“ по божикните празници, в понеделник, кога се очекува да се одржи состанок. – За намалување на задолжителната изолацијата веќе дискутиравме на два состанока на Комисијата, а одлуката ќе ја донесеме следната недела. Лицата кои се асимптоматски е доволно седум дена да бидат во изолација, која сега изнесува 10 дена, додека…
Во текот на вчерашниот ден (04.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 89 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…
И сега имаме ситуација: „си го баравте- гледајте“! Од една страна, омикрон со крупни чекори ја освојува планетава! Од друга страна, вирусот на инфлуенцата (грипот) се бори за место под сонцето! И сега имаме ситуација кога сѐ почесто ќе се јавуваат комбинирани инфекции. Ништо спектакуларно! Сосема нормален развој на настаните!, вели проф д-р Даниловски за НОВА ТВ Бројот на заразени експлозивно ќе расте! Но, бројот на хоспитализирани нема да ја следи таа динамика – ниту на умрени…, изјави денеска за НОВА ТВ проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог, по големиот број на новозаразени со ковид-19. Институтот за јавно здравје денеска објави…
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан. Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот. Во разговорот, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот. Специјалниот претставник Пич најави скорешна посета на Република Северна…
На 03.01.2022 година во ОВР Кичево пријавено е дека угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево го нарушил јавниот ред и мир со пуштање гласна музика. Полициски службеници од различни локации извршиле две мерења со апарат-фонометар и притоа констатирале бучава од 54 и 64 децибели, по што против правното и одговорно лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03-01-2022 година во 00,20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов“ во Охрид каде беше организирана новогодишна забава. Притоа, констатирано е дека организаторот овозможил присуство на шест малолетници подоцна од 24 часот, поради што, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово,…