Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изолацијата за ковид -19 ќе се намали, асимптоматските случаи нема да седат дома по 10 дена

0
By НОВА ТВ Balaban on January 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 5, 2022 12:18

Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци, уверува д-р Беќаровски

И кај нас ќе се намали изолацијата на асимптоматските случаи од 10 најверојатно на седум дена, но предлог-одлуката од Комисијата за заразни болести ќе „падне“ по божикните празници, в понеделник, кога се очекува да се одржи состанок.

– За намалување на задолжителната изолацијата веќе дискутиравме на два состанока на Комисијата, а одлуката ќе ја донесеме следната недела. Лицата кои се асимптоматски е доволно седум дена да бидат во изолација, која сега изнесува 10 дена, додека за контактите на лицето со ковид-19 изолацијата се уште трае 14 дена, а и тој период ќе се намали – велат неофицијално за НОВА ТВ членови на Комисијата за заштита на населението од заразни болести.

Со оглед дека инкубацискиот период по контакт со заразен со омикрон трае само два-три дена и драстично го зголемува бројот на заразени со ковид-19, веќе до петок се прогнозираат и до 5.000 заболени во земјава на дневно ниво, постои опасност поради енормниот раст да се блокира целиот систем.

На ова предупредува и д-р Нико Беќаровски, токсиколог на Клиниката за токсикологија кој преку својот Фејсбук профил синоќа ги повика членовите на Комисијата за заразни болести уште денеска да ги сменат протоколите, бидејќи „в понеделник ќе нема кој да работи!“.

„Почитувани членови на Комисијата за заразни болести

Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!!

Сите ќе бидеме во изолација.

Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.

Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.

#Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.

Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци.

P.S. за Flurona и Ihu некој друг дeн, премногу е за денес“, објави д-р Беќаровски.

(Љ.Б.)

Изолацијата Комисијата за заразни болести Нико Беќаровски ќе се намали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.