Сега веќе немаат никаква смисла сертификатите за примени вакцини – треба веднаш да се укинат!, советува д-р Даниловски

По значително зголемениот број заразени со ковид-19 во земјата – вчера имаше 1.197 заразени, а, според неофицијални информации од Институтот за јавно здравје, денеска бројките се уште поголеми – има околу 1.400 нови случаи, проф. д-р Драган Даниловски порачува – да не се бројат заразените и да се укинат сертификатите, а од „цунамито“ да се засолнат постарите од 70 години, лицата со хронични болести и трудниците!

Веќе нема никаква смисла да се бројат заразените, зашто сите ќе се заразиме во наредните 2-3 месеци! Маркери за развој на епидемиолошката ситуација веќе треба да бидат само бројот на хоспитализираните. И на мртвите…- вели за НОВА ТВ, д-р Даниловски, епидемиолог на Институтот за епидемиологија и биостатистика.

Тој додава:

– Сега е најважно да се засолнат старите лица преку 70 години, плус оние со хронични болести и трудниците, додека да помине „цунамито“! Сега веќе немаат никаква смисла сертификатите за примени вакцини – треба веднаш да се укинат!, советува д-р Даниловски.

(Љ.Б.)