Author: НОВА ТВ Balaban

Собранискиот спикер, Талат Џафери, денеска изјави дека претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе му го додели мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Џафери на прес-конференција посочи дека по ова течат роковите за состав на Влада и програма. Најверојатно, седница во Собранието за гласање на Влада ќе биде на 15 и 16 јануари, рече Џафери.  – Според првичните информации, утре би требало да биде Денот Д за давање мандат на новиот мандатар, кој веќе е определен, тоа е претседателот на СДСМ. Од тој момент со давање на мандатот претседателот на државата според член 210 од Деловникот треба да…

Read More

За нас патриотизам е да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Патриотизам е покачувањето на платите, заштита на обесправените и храбро решавање на најгорливите проблеми во змејата. Но мора да направиме уште многу, рече Ковачевски. СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е одговорна и државотворна партија. СДСМ е партија која никогаш не бегала од одговорност. Додека другите ги ставале проблемите под тепих, ни храбро сме ги решавале. Тоа е разликата и така СДСМ ќе продолжи да работи, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски по синоќешниот избор на новото ракодовство на СДСМ, соопштија денеска од СДСМ. – За нас патриотизмот не е…

Read More

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2022 година (сабота), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.

Read More

Петгодишно девојче од Италија е на интензивна нега, откако татко ѝ пред два дена, на 24 декември, наместо лек по грешка растворил кокаин во чаша со вода и ѝ дал да се напие. Брзата помош во Равена веднаш дошла на повик на таткото и детето во тешка  здравствена состојба било пренесено во болницата во Болоња. Лекарите изјавиле дека детето е во стабилна состојба и дека таа постојано се следи, јавуваат локалните медиуми. Таткото признал во полиција дека по грешка наместо лек, помешал дрога во водата но дека веднаш повикал лекари. Благодарение на неговата навремена реакција не е загрозен животот на…

Read More

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денар и ќе изнесува 64 денари, додека бензините поскапуваат за  половина денар и ќе се продаваат по цена од 73.50 денари за литар БС-95 и 75,50 денари за литар БС – 98, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 64 денари/литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 ден./кг. Во образложението на одлуката со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за…

Read More

Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата. Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани. Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските…

Read More

Во изминатите 4 години постигнавме многу значајни резултати и процентот на преживување на предвремено родените бебиња значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година која беше 25 промили, сега е 8,9 промили. Во ГАК во Чаир пуштен во употреба е целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Во денешната посета на болницата, министерот за здравство, д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа инвестициите од страна на министерството за здравство, како и поддршката од страна на донаторите – Агенцијата…

Read More

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени. Значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини ќе преовладува во наредните два дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè потопло. Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од…

Read More

Вработен од битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола. Ова го изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска, за „Независен“. Таа потврди и дека има 16 осуденици позитивни на ковид 19 во битолскиот затвор. Тие имаат лесни симптоми, а само едно лице досега е примено да се лекува во битолската болница. – Пациентот  беше примен  во тешка состојба со добиен податок дека десеттина  дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот…

Read More

Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, изјави Филипче и додаде дека следната недела ќе се направи група на тестови кои ќе бидат секвенционирани Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека засега во земјава има само еден случај на инфициран со омикрон сојот на ковид-19, а епидемиолошката состојба останува стабилна. Дополнителна анализа, како што рече, ќе се направи во текот на следната недела. – Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од…

Read More

Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу…

Read More