Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Според Филипче, новото законско решение ќе овозможи дисперзирање различни специјалности, воедно дополнителна заработка за лекарите и медицинските сестри, а граѓаните ќе ја имаат услугата поблиску до местото на живеење. Недостигот на лекарски кадар на Одделeнието за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје, најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата. Инаку, одделението…
На 17.12.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со над 500 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ММФ анализира дека Владата спречила голема загуба на работни места како и дека обезбедила заштита на ранливите категории на граѓани, објави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил. ММФ во својот последен извештај ги потврдува ефикасните фискални политики и антикризни мерки кои како Влада ги донесовме за време на пандемијата. ММФ анализира дека Владата спречила голема загуба на работни места како и дека обезбедила заштита на ранливите категории на граѓани, објави денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на својот Фејсбук профил. Во објавата Ковачевски додава: „Согласно извештајот: Економското закрепнување се очекува да продолжи во 2022 година. Се…
Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите, а според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) лани имало повеќе од 280 милиони луѓе со статус на меѓународен мигрант, што претставува 3,6 отсто од светското население. Меѓународниот ден на мигрантите се одбележува на 18 декември со одлука на Генералното собрание на ОН во 2000 година и е последица на големиот и се поголем број мигранти во светот. Претседателот на Ад хок комисијата за миграција и потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристијан Вигенин, вчера повика на подобрување на меѓународната соработка во областа на миграцијата, како и на балансирање на сувереното право…
Минималната плата спречува работниците да добиваат многу ниска плата и да живеат во сиромаштија, а очекувањата на работниците од пратениците се да работат во интерес на оние кои што ги бираат, а Сојузот на синдикатите на Македонија ќе продолжи со подготовките преку штрајкувачките одбори и во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачите и Владата, а доколку нема резултат ССМ ќе повика на генерален штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, се вели во соопштението. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска соопшти дека во рамките на…
На 17.12.2021 во 14.40 часот на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје. На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари. При нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Според новите податоци објавени од Агенцијата за здравје и безбедност на Британија, 34 жени починале на островот откако се заразиле со Ковид за време на бременоста. Според лекарите, починале и четири новороденчиња. Бремените жени треба да се сметаат за ризична група за Ковид и треба брзо да се вакцинираат, оцени Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација на Велика Британија. Експертскиот владин тим соопшти има „сè поголеми докази дека бремените жени се изложени на зголемен ризик од компликации од Ковид-19“. Според новите податоци објавени од Агенцијата за здравје и безбедност на Британија, 34 жени починале на островот откако се заразиле со…
Маринскиот корпус во САД отпушти 103 припадници на службата затоа што одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19, откако војската почнува да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците, јави Си-Ен-Ен. Досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, покажуваат најновите податоци од Маринскиот корпус, но службата сè уште ги обработува барањата за изземање. Повеќе од 97 проценти од целата активна воена сила е делумно или целосно вакцинирана. Воздухопловните сили целосно или делумно вакцинираа 97,5 отсто од своите активни сили, додека морнарицата вакцинираше приближно 98 проценти од припадниците
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно престигнување и обиколување, пет за користење мобилен телефон, 38 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја…
Буџетот за 2022 година, кој во четвртокот беше донесен од страна на Собранието, според тимот на ММФ, соодветно ги намалува трошењата поврзани со пандемијата и истовремено продолжува да ја поддржува економската активност. Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека сѐ уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките и понатаму да бидат флексибилни. Во изјавата дадена по завршените консултации во земјава,…
Знаете ли што сѐ би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени, објасни Вучиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. -Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека како регулатор нема да лицитираат со цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар по 1 јануари се додека не ги направат потребните анализи. Во интервју за МИА тој најавува дека одлуката за цената на струјата треба да биде донесена до крајот на месецов и нагласува дека јавноста детално ќе биде информирана колку биле, кои се трошоците и што предизвикува да има промена на цената на електрична енергија. Во продолжение интервјуто со Бислимовски. Дали е реално да се очекува поскапување на електричната…