Author: НОВА ТВ Balaban

Оставката на премиерот Заев е многу јасна, очигледно дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата. Претседателот Заев и во владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата. Едно од тие процеси за стабилизација на државата е и зголемувањето на мнозинството и стабилизирање на парламентарното мнозинство, денот на гласањето кога сакаа да се изгласа недоверба стана јасно дека опозицијата го нема тоа долго најавувано парламентарно мнозинство. Како политичка партија сериозна и посветена на демократските процеси во државата остануваме отворени за понатамошна комуникација со…

Read More

Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош, информираа од Министерството за здравство. Министерството за здравство со жалење инормира дека синоќа на ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок…

Read More

Целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на мандатот. Со оглед на тоа, најсоодветно беше наградите да бидат доделени од страна на Комисијата која ги избра добитниците, ни одговорија од Град Скопје. За тоа зошто градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“, од Град Скопје за Нова ТВ одговорија: – Целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на мандатот. Со оглед на тоа, најсоодветно…

Read More

Целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на мандатот. Со оглед на тоа најсоодветно беше наградите да бидат доделени од страна на Комисијата која ги избра добитниците, одговорија од Град Скопје.  Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“. Срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество, соопштија од СДСМ. Во соопштението се додава: Заради политиканство Арсовска не ги испочитува бројните…

Read More

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување, без да се осигура дека затоплувањето ќе остане на 1,5 степени Целзиусови и без одговор на барањата за помош на сиромашните земји. Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори, со удар со чекан од страна на британскиот претставник Алок Шарма, претседавач со Светската климатска конференција. Како показател за тоа колку тешко се дошло до договор, Шарма со растреперен глас рече дека му е „многу жал“ за промените направени во текстот во последен момент,…

Read More

Делегација на Република Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на работниот состанок на кој вчера и денеска се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар. На состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан“ веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на труд и за поврзување без граници. На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на  увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и…

Read More

Во текот на вчерашниот ден  Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 431 возач. Од нив, 73 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место.

Read More

Меѓу другото, договорено е до крајот на годинава интензивно да се работи на воспоставување систем за електронска размена на сите потребни документи, царински декларации, фитосанитарни и ветеринарни сертификати, како и на подобрување на постоечките системи. На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Ниш, на кој се одржаа низа средби на министри од владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, потпишан е Заклучок од работните средби, во кој се дефинирани сите активности што ќе бидат спроведени до самитот во Тирана на крајот на декември, објави на Интстаграм српскиот министерот за финансии Синиша Мали по завршувањето на дводневниот собир. Како што јави…

Read More

Дел од медиумите на албански јазик ја поставуваат дилемата дали освен Реџепи, и некои други пратеници од БЕСА ќе ја напуштат партијата. Движењето БЕСА синоќа одржа состанок на Централното претседателство. Во соопштението испратено до медиумите се вели: – Апелираме до актуелната власт СДСМ-ДУИ итно да престане со притисоците со сите можни форми што се вршат врз пратениците на Движењето БЕСА. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница во оваа земја. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се…

Read More

Северна Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав за вметнување на Бугарите во него, само доколку се додаде и македонското малцинство во бугарскиот Устав, изјави претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов, за софискиот весник „Дневник“. Како што соопшти ДС, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во „вистинска насока“, но со опасни свиоци“, Трајанов одговара на прашањето „како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот“, при што тој е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет. Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност…

Read More

Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или со потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Oваа одлука беше донесена на седницата на Влада одржана на 26 октомври. – Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во…

Read More

Споредено со првиот круг, излезноста до 9 часот е поголема за 0,75 процентни поени. Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на Дебар се одвива непречено на сите 27 гласачки места во Општината, при што до 9 часот гласале 2,5 проценти од запишаните избирачи. Споредено со првиот круг, излезноста до 9 часот е поголема за 0,75 процентни поени. – До 9 часот правото на глас го остварија 480 граѓани, што е 2,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избирачки список. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 342 гласачи или 1,75 отсто, информира потпретседателка…

Read More