Целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на мандатот. Со оглед на тоа, најсоодветно беше наградите да бидат доделени од страна на Комисијата која ги избра добитниците, ни одговорија од

Град Скопје.

За тоа зошто градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“, од Град Скопје за Нова ТВ одговорија:

– Целосната организација, постапка и избор за доделување на наградите беше завршена, а воедно и наградите доделени и парафирани непосредно пред превземање на мандатот. Со оглед на тоа, најсоодветно беше наградите да бидат доделени од страна на Комисијата која ги избра добитниците, ни одговорија од

Град Скопје.

Од СДСМ претходно денеска соопштија дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“.

– Срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество, соопштија, меѓу другото, од СДСМ.