Author: НОВА ТВ Balaban

Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиниката. Д-р Калина Гривчева Старделова, упатувајќи благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“,  на настанот изјави дека овој апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и можност рано да се забележат сите оние сомнителни промени во градбата на црниот дроб кои потенцијално би ги доиспитале и ако се покажат потребни за интервенција би интервенирале понатака.…

Read More

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска е казнет во износ од 3.000 куни (400 евра) поради несовпаѓање на имотната картичка. Комисијата за одлучување за судир на интереси донесе решение дека Пленковиќ го прекршил Законот за спречување судир на интереси, бидејќи во имотната картичка не го навел имотот кај Дубровник, кој како косопственик го наследила неговата сопруга и поради погрешно наведени износи на надоместокот на неговата сопруга. Постапката е започната во октомври. Комисијата не го прифати претходното образложение на премиерот Пленковиќ со кое тој се обиде да ја оправда неусогла сеноста на податоците наведени во имотната картичка сп оние доставени од…

Read More

На 16.06.2022 околу 07.30 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во една соба во приватен комплекс бил пронајден починат вработениот Т.К. (48) од с.Радово, струмичко. Лекар од Медицински центар Маврови Анови констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Read More

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД, објави денеска Викиликс. „Борбата не е завршена денеска. Ова е само почеток на нова правна битка. Ќе се жалиме преку правниот систем“, се наведува во соопштението објавено на Твитер профилите на Викиликс. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа. Британското Министерство за внатрешни работи претходно во соопштение наведе дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука. Доколку жалбата биде одбиена, тој мора…

Read More

Министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, одобри екстрадиција на коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД. Асанж моментално е во затвор во Велика Британија, а го чека доживотен затвор во САД. UK Foreign Office Approves Julian Assange’s Extradition to United States — TASS pic.twitter.com/KI4l2LOPT8 — RT (@RT_com) June 17, 2022

Read More

Двајца мажи на возраст од 23 и 34 години се приведени во градот Варна во североисточна Бугарија, откако украле сладолед од една помала продавница. Утврдено е дека разбојниците провалиле во минимаркетот и украле 148 корнети сладолед и четири кутии сладолед од по еден килограм. Пријавата за кражбата ја поднел сопственикот на продавницата. На крадците на сладолед им е одреден притвор од 72 часа.

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 842 тестови, а регистрирани се 60 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1. Од вкупниот број на позитивни (60), регистрирани се 16 реинфекции. Регистрирани сe 63 оздравени пациенти од: Скопје – 36, Битола – 10, Штип – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Прилеп и Струмица – по 2, Тетово, Ресен и Дебар – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.…

Read More

Оваа одлука на обвинителството веројатно се темели на недовербата кон нашата Институција и вербата во погрешните информации добиени од страна на мртвопроверителот, односно непрофесионалниот изведен заклучок за причината и начинот на смртта формиран врз основа на надворешен преглед, реагираат од Институтот за судска медицина. Од Институт за судска медицина денеска стигна жестока реакција за прерано изведениот заклучок дека починатиот Јован Витанов (26) чие тело беше пронајдено во место викано Ораш општина Ново Село, е убиен. Во реакцијата се наведува дека барањето од јавниот обвинител за втора обдукција било неоправдано и непотребно бидејќи и двете обдукции го покажале истото. Но за…

Read More

Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот. На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина. Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот. Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен,…

Read More

Второпритворениот е Егерт Варгу (39) жител на Тирана, царински агент договорен од компанијата „Апетит груп”. Албанската полиција привела две лица во врска со запленетите 45,5 килограми кокаин во пристанишниот град Драч, чија дестинација била Северна Македонија. Станува збор за Арбен Феризи (30), жител на Приштина и администратор на компанијата „Апетит груп”, која била нарачател на пратката-контејнерот со пилешкото месо од Бразил, каде била отриена е дрогата. Второпритворениот е Егерт Варгу (39) жител на Тирана, царински агент договорен од компанијата „Апетит груп”. Бродот во кој бил контејнерот во Драч пристигнал на 12 јуни од грчкото пристаниште Пиреа, а отпловил од Драч…

Read More

Полициските службеници од СВР Штип вчера на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“ го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело незаконско издавање на испратници за превоз на дрва. Како што информираат од МВР, по преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан…

Read More

Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14  илјади апликации од ученици. Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за…

Read More