Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во период од 6.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1592 пациенти со Ковид 19, 1310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 6 август заклучно со 28 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од…
Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на систем, на 28.10.2021, трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб порталот да генерираат нов. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни EU сертификати,…
31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот град следните четири години. Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели, порача Шилегов Актуелниот и иден градоначалникот Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври. „31 октомври, драги скопјанки и скопјани, е денот кога вие одлучувате каков ќе биде нашиот…
„Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основни средства РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои ги одзеде лиценците на трговците на…
Не ни требаат нови избори. После долго време конечно имаме 2.5 години пред нас, период без избори, тоа е ретка можност. Тоа е она што го бараат граѓаните и она што е неопходно за економските перспективи, вели Заев во интервју за српскиот весник „Политика“ Во интервју за српскиот весник „Политика“ претседателот на СДСМ Зоран Заев зборуваше за повеќе актуелни теми во пресрет на вториот круг од локалните избори. Одговарајќи на прашањето дали се планираат предвремени парламентарни избори, Заев истакна дека нема потреба од нови избори и дека парламентарното мнозинство е стабилно и може дополнително да расте, соопштија од СДСМ. „…
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина. Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Заклучно со 28 октомври, вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464 а трета доза примиле 27.298 граѓани.…
Нашата цел е да не дозволиме урбаниот хаос предизвикан од непланската урбанизација од минатото, повторно да го окупира и нашиот Карпош. Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје, е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, останувајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Ова ќе биде Мега Проект што ќе го намали притисокот врз урбаниот дел, изјави денеска кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски. Тој додава дека урбанизацијата на овој дел од…
На 28.10.2021 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп, врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, бил приведен Н.Е (27) од Прилеп. Тој се барал за издржување на казна затвор во траење од една година. Н.Е. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е иста како и нејзината партија. Затоа, в недела на 31 октомври да се обединиме и да гласаме за напредокот, за број 12, за Петре Шилегов. Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Нејзиниот обид да креира лажна слика околу себе пропадна. Не е важно како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите, соопштија денеска од СДСМ. Ваквиот неискрен и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем. Ако Данела лаже и го крие нејзиното бугарско државјанство, не може ниту да се замисли што се друго крие и лаже. Вчера граѓаните сведочеа на нови…
Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени според Рихтер се почувствувани изутринава во западниот дел на земјава. Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен во 8:10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8:11. Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.
Републичкото Здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија Т’га за југ од Скопје, кое брои 7.800 членови, ќе даде поддршка за кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов како негов член. За првпат од 1988 година, споменикот на Децата бегалци во Жена борец, Градот Скопје го зеде под своја закрила и грижа, каде денес се одржуваат голем број манифестации. Благодарение на градоначалникот Шилегов, организирани и реализирани се голем број манифестации како што се одбележувањето на 70 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, 35 години Републичко здружение на децата бегалци, Меѓународна научна конференција на која учествуваа историчари од цел свет на тема…
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем. – БЕГ, на стартот на грејната сезона, во неколку објекти изврши пробно тестирање преку оптимизација на испорака на топлинска енергија. Со новиот режим радијаторите уште од три часот изутрина пополека ќе почнат да се затоплуваат, за да се постигне пропишаната температура од 6 до 22 часот. Оптимизираниот режим на испорака ќе овозможи да се зголеми квалитетот и комфорот на…