Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. На 17.10.2021 во 22:06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 1 октомври, Португалија ги укина речиси сите ограничувања. Бројот на новозаразени лица брзо опадна, на само околу 650 дневно, и речиси без смртни случаи. Затоа многумина бараат рецепт од Португалија. Португалскиот здравствен систем беше пред колапс. Болниците во главниот град Лисабон беа преполни, а властите апелираа до сите што може да се лекуваат дома. Во последната недела од јануари, речиси 2.000 луѓе починаа во нов бран на коронавирусот, објавува New York Times. Програмата за вакцинација во оваа земја беше скоро непостоечка, па владата се обрати до вицеадмиралот Енрике Гувеја е Мело, поранешен командант на подморничка единица. Осум месеци подоцна, Португалија…
Според интернет апликацијата на ДИК на која се прикажуваат резултатите од гласањето на вчерашните локални избори, завршено е броењето во 64 општини во земјава, a 100 проценти од податоците се обработени во Градско, Дојран, Лозово, Росоман, Центар Жупа, Богданци, Пласица и Чешиново-Облешево, Арачиново, Берово, Битола, додека во Скопје и скопските општини остануваат уште непреброени гласови, објавува Фокус. Според првичните и неофицијални податоци од Државната изборна комисија, досега се избрани градоначалници во првиот круг во 28 општини и тоа: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите; Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со…
„Метавселената има потенцијал да отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе ја обликуваат од самиот почеток”, се вели во соопштението. Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена”, јави ДПА. Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност”, рече Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни операции. „Метавселената има потенцијал…
Во скандинавските држави нивото на вакцинација е меѓу највисоките во светот, јави ДПА. Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот. Скандинавските авиокомпании (SAS), Norwegian, Flyr и Wideroe ги укинуваат своите строги барања за носење маски за време на летовите. Препораките за контрола на инфекцијата во Норвешка повеќе не бараат од патниците во регионот да носат маски, така што ова барање нема да важи за летовите на Видеро. Сепак, маските остануваат задолжителни…
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:13 минути бил почувствуван од населението, особено во северозападните делови од земјава, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 4,8 степени, а епицентарот се наоѓал во Република Албанија, 147 километри западно од Скопје.
Пријавени да гласаат ден порано од останатите поради здравствени причини, за Локалните избори, седми по ред, кои ќе се одржат в недела, се и 476 лица со ковид-19 и лица во изолација. Посебно од оваа бројка, пријавени се 7921 болни и изнемоштени лица. Во казнено-поправните установи во земјата право да гласаат имаат 1899 лица, а во установи за вонсемејна грижа се пријавиле 351 лице. Право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица, изјавуваат за НоваТВ од ДИК. Од Државната изборна комисија нагласуваат дека колку од овие пријавени лица и ќе гласаат ќе се знае до утре изутрина . -…
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип –…
Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина. Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството за здравство. Опфатот…
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1382 пациенти со Ковид 19, 1149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 граѓанин, се позитивни од…
Во категоријата најдобар менаџер награда доби Мевлудин Ибиш менаџер на македонската компанија Даути Комерц, еден меѓу 10тина домашни компании кои поднесоа апликации во повеќе категории на годинешниот светски бизнис настан. Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот го освои второто место на меѓународниот натпревар за најдобри компании и организации од целиот свет Go Global Awards 2021 организиран од Меѓународниот совет за трговија (International Trade Council) со седиште во Вашингтон, САД. На вчерашната церемонија на која беа присутни компании и организации, на Агенцијата за прв пат и беше доделена награда во категоријата “Промоција на извозот”. Признанието за успехот во работата на Агенцијата го доби…
Во пракса Законот за енергетика покажа дека ги штити граѓаните и во кризни услови како сега на начин што во моментов цената на ЕСМ е 36,1 евра за 1 MWh , додека на берза цените достигнуваат и над 200 евра за 1MWh, изјави Бислимоски Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија. Со помош на УСАИД, заедно ги подготвивме сите подзаконски акти, кои се обврска од Третиот енергетски пакет на ЕУ за коишто Енергетска заедница три години по ред не прогласува за…