Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово. Тој, заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта. СВР Куманово ќе поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта, соопшти денеска полицијата. Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово. Тој, заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта. – По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11…
Системот профункционира по првата трансплантација на срце, и се направија уште други 8 дијагностицирања на мозочна смрт од коишто дополнителни 5 срца се трансплантираа и 17 бубрези на пациенти на коишто им беше неопходно. Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство, д-р Венко…
Во Полициска станица Прилеп денеска повикан е И.Ј. (32) од Прилеп врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопшти МВР. Тој е повикан поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата.
На 12.10.2021 околу 11.00 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија. Во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан. За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ. Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е исклучено, рече Филипче. Министерот за здравство, Венко Филипче, не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој. Тој нагласува дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките. – Не очекуваме силен бран, односно…
Нема ништо страшно, обичен брис се зема од децата. Целта е да се открие дали ќе има асимтоматски носители на вирусот меѓу децата – појасни министерот. Mоделот за скрининг на учениците од основните и средните училишта е подготвен и, заедно со Министерството за образование, утре ќе почнат да бараат дозволи од родителите, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекувањето и спасувањето човечки животи. – Закаснивме една недела. Скринингот требаше да започне оваа недела. Меѓутоа, нешто подолго потрае анализата на бројот на…
Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана, изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина. Најстариот бел носорог во светот угина на 54 години, во својата Зоолошка градина „Парко натура вива“ близу Верона, северна Италија. – Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана, изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина. Тоби ќе биде балсамиран и изложен во Музејот за природни науки во Трентo, каде ќе му се придружи на…
На 12.10.2021 во 21.10 часот во с. Желино, Tетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с. Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната. …
Да имаат примено комплетна вакцина (две дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик. Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, соопшти МНР. Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија,…
Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети и веднаш се распределуваат на судиите, појаснуваат од судот. Апелацискиот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети, соопштија утрово од Апелација по обвинувањата за брзото постапување по предметот ТСЖ.бр.1554/21 оформен по жалбата на група доверители на Еуростандард банка. – Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување…
Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат и до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината. Во ноември се појавува метеорскиот дожд „Леониди“, бидејќи нашата планета секоја година во овоуј месец поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. Ние ги гледаме деловите што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат. Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото. Во текот на овој метеорски…
Техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, започнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот за првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница, а министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, денеска на одделот пуерпериум при ГАК-Скопје ја посети родилката и нејзиното новородено, информираат од Министерството за здравство. Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на…