Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот ден на органодарителството посветен на семејствата на донаторите на органи

0
By НОВА ТВ Balaban on October 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 14:07
Системот профункционира по првата трансплантација на срце, и се направија уште други 8 дијагностицирања на мозочна смрт од коишто дополнителни 5 срца се трансплантираа и 17 бубрези на пациенти на коишто им беше неопходно. 
Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како  начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина.
По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство, д-р Венко Филипче, Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива, д-р Маја Мојсова Мијовска, и директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска Ставридис, направија ретроспектива на спроведените активности на полето на трансплантацијата во изминатите две години и се освраа на значењето на трансплантација во земјава.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, се заблагодари на семејствата на донорите и го истакна значењето на трансплантацијата во земјава.
–  Во 2019 година направивме измени ви Програмата за трансплантација. Се ажурираа листите на пациенти на коишто им беа потребни органи, срце бубрези и црн дроб како и коскени ткива. Паралелно на сето тоа направивме зајакнување на електорнскиот систем, ажурирање на електронските листи и за првпат воведовме  електронски регистар кој што по систем на приоритизација врз основа на соодветни критериуми дава приоритет на пациентите кои што треба да ги добијат органите. Сето тоа не доведе до ситуација да во екот на кризата со ковид во мај минатата година видиме една шанса, едно  семејство кое што се согласи да дарува срце и други органи за трансплантација. Благодарение  на нив, првпат беше изведена мултиорганска кадаверична трансплантација во нашата земја. Колегите лекари најдоа дополнителен ентузијазам и желба да направат нешто што и инаку и без ковид криза е комплексно и тешко да се направи.
Системот профункционира по првата трансплантација на срце, и се направија уште други 8 дијагностицирања на мозочна смрт од коишто дополнителни 5 срца се трансплантираа и 17 бубрези на пациенти на коишто им беше неопходно. Паралелно на целокупниот овој процес се направи сериозен чекор напред во делот на трансплантацијата на коскена срцевина, што значи трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител. До денес се  направени 35 такви трансплантации и ние сме дел од светскиот регистар на коскена срцевина, што значи дека нашите доброволни дарители може да даруваат крв и било кој пациент во светот согласно ХЛА типизацијата биде соодветен примател доколку треба, но и обратно на нашите пациенти да им е на располагање таа крв и тие дарители на коскена срцевина од целиот свет кога ХЛА ќе се докаже дека е компатибилна.
Националниот координатор на трансплантација, д-р Маја  Мојсова Мијовска,  освен осврт на сработеното ја потенцираше човечката димензија на органодонорството, како најголема и најсилна кмапања.
– Ова немаше да биде можно доколку не постоеја семејства кои имаа благородна душа и безгранична човечката љубов и во најтешките моменти се одлучија и подарија живот.Ние сметаме дека тие се нашата најголема кампања и дека во суштина нивниот глас е тој кој ќе се слушне силно и ќе дипре до сите вас, а најмногу до медиумите. Тие се наши партнери во ова, нашиот глас во тоа што сакавме и тоа што го направиме – кажа доц д-р.Маја Мојсова Мијовска.
Паралелно со трансплантацијата на солидните органи, сериозен чекор напред се направи во делот на трансплантацијата на коскена срцевина.
– Досега на нашата клиника се спроведени повеќе од 600 интервенции, а 35 пациенти се лекувани со новите процедури. Нашите резултати се движат кон рамките на достигнувањата на реномираните центри во Европа и САД. Истовремено, за пациентите од непроценливо значење е што во текот на лекувањето се блиску до своето семејство и ја имаат нивната помош и поддршка  – изјави директорката на Клиниката за хематологија, д-р Ирина Пановска Ставридис.

 

Министерот Филипче изрази благодарност до амбасадите во нашата држава кои помогнаа во процесот на унапредување на органодарителството, до амбасадата на Германија за донациите во делот на зајакнувањето на дарувањето на коскено ткиво, за сега за  првпат  да имаме банка за коскено ткиво, направени се 4 трансплантации на клиниката за ортопедија.

Министерот упати благодарност до амбасадата на Холандија за помошта при подобрувањето на дијагностиката и до амбасадата на Соединетите Американски Држави коишто направија значајна инвестиција и треба да започне проектот за надградба на Клиниката за хематологија со што клиниката ќе добие уште еден спрат, целосно современ по стандардите за сместување на трансплантирани хематолошки пациенти.
Венко Филипче Европскиот ден на органодарителството Ирина Пановска - Ставридис Маја Мојсова-Мијовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.