Author: НОВА ТВ Balaban

По моструозното убиство на тричлено семејство од Алексинац, јавноста во Србија денеска беше потресена уште еден трагичен настан. Две девојчиња на возраст од пет и од седум години од Обреновац, настрадале од струен удар. Се претпоставува дека смртта е предизвикана од струен удар, а медиумите пренесуваат две верзии на настанот. Порталот Пинк.рс наведува дека околу 15.40 часот, сосетка ја повикала дежурната служба и пријавила дека има поплава во станот на улицата Караѓорѓева, и дека некој повикува помош. Патролата веднаш излегла на лице место и открила дека во станот има три деца, на возраст меѓу 6 и 8 години. Според медиумите,…

Read More

Но, не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Северна Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, коментираше премиерот Стефан Јанев, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.” Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, изјави за БНТ дека во однос на Северна Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин. Според…

Read More

СДСМ инвестира во сегашното и иднината, ги исполнивме стратешките цели и покажавме што е најдоброто за нашата држава, за нашите граѓани, изјави денеска од Кратово генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. „30 години се зборуваше но СДСМ успеа заедно со граѓаните, ние сме 30-та земја членка на НАТО! 20 години се зборуваше, ама СДСМ успеа и денеска имаме успешно завршен попис. 99 % од нашите граѓани се попишаа. Споредете и направете разлика.Покажавме дека имаме капацитет, дека сме држава. Во една рака го имаме НАТО, во другата Попис“,изјави Николовски. Николовски посочи дека до крајот на оваа година ќе се избере изведувач…

Read More

Демократската унија за интеграција денеска во Бузалково во општина Велес  ја продолжи презентацијата на изборната програма, a беше презентaнa и листата на кандидати за советници за општина Велес, предводена од Невзат Муареми. Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети ја истакна големата поддршка за Албанците од Велес и посветеноста да се продолжи патот на развојот на нивниот живот и нивната факторизација преку имплементацијата на зелената агенда. „Во овие дваесет години инвестиравме во кадри, инвестиравме за да не се поделат Албанците, инвестиравме и едуциравме кадар за да се занимава со работа, програми и проекти, со идеи и визии, а не…

Read More

Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети.  Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово. – Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети.  Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате…

Read More

Преку онлајн петиција, роднини бараат слобода за 23-годишната Пале Иловска од Велес и условна казна за девојката обвинета за убиство на нејзиниот партнер, бидејќи го убила во самоодбрана, објавува ТВ24. Иницијатор на петицијата, којa се претставува како нејзина прва братучетка, вели дека Пале била девојка без родителска грижа, која уште како малолетна пронашла утеха во погрешна личност. Се скарала и со сестра си, бидејќи нејзиниот партнер, по смртта на таткото, барал целата куќа да и биде препишана на Пале, а имало и инцидент, кога поради тоа, тој ја нападнал нејзината сестра, „Поранешните сопруги на А.Р. имале каде да се вратат,…

Read More

Од вчера 1. октомври 2021г извршителите нема да може да пресметуваат камата повисока од главниот долг кај договорните казнени камати, објавува Алсат-М. Законот за облигациони односи стапи во сила без во него да се вметнат дополнувањата со кои ќе се опфатат и останатите камати за кои нема договор, односно законски казнените камати. Пратениците велат дека законот е јасен и оти извршителите треба да го почитуваат без разлика за која камата се однесува.

Read More

Неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичка партија во село Арачиново, при што влегле и одзеле прехранбени производи, соопшти денеска полицијата. Случајот е пријавен вчера во  21.19 часот. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Read More

Натпреварот меѓу Пелистер и Тиквеш е борба за излез од дното во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а во Битола две навивачки групи се наоѓаат на иста трибина. „Чкембари“ и „Лозари“ се збратимени и ги бодрат милениците од иста трибина. Под Тумбе Кафе владее убава атмосфера, пред се поради присутните навивачи на трибините кои денеска со песна даваат мотивација, пишува Gol.mk. Пелистер и Тиквеш се наоѓаат во долниот дел на табелата во ПМФЛ и до крајот на сезоната ги чека тешка битка за опстанок. Битолчани чекаат на првата прволигашка радост, додека Тиквеш победи минатото коло предводен од новиот тренер Влатко…

Read More

Американскиот систем за предупредување од цунами не издаде предупредување по земјотресот. Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на пацифичкиот остров Вануату рано утрово, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот бил на длабочина од 531 километар, додаде ЕМСЦ. Првично, ЕМСЦ објави дека земјотресот бил со јачина од 7,2 степени, па се променил на 6,7, но на крајот го исправил на првична проценка од 7,2. Нема информации за можна штета или повредени, објави „Ројтерс“. Американскиот систем за предупредување од цунами не издаде предупредување по земјотресот.

Read More

Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски. Ние градиме темелно, тие со промашени проекти. Ние планираме капитални проекти за долгорочен развој, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат,  рече Заев Претседателот на СДСМ денес го посети и Пехчево кадешто разговараше со граѓаните и присуствуваше на промоцијата на кандидатот за град Пехчево – Славчо Пандурски и кандидатите за листата за советници. Пред граѓаните претседателот Заев ги потенцираше успесите на владата предводена од СДСМ и рече: „Нашите…

Read More

Денес се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288 Оздравени се 284 пациенти –  пријавени се 11починати лица, стои во корегираниот извештај на Министерството за здравство. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи  на КОВИД-19: Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7, Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 . • Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје…

Read More