Author: НОВА ТВ Balaban

На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци. Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го…

Read More

На состанокот беше усвоена и декларација, според која Северна Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. ​​​​​​​​Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Солун, Грција учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Министерскиот состанок за надворешни работи се одржа во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите беше регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните…

Read More

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата. Омбудсманот соопшти дека во разговор со директорот и правникот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со…

Read More

Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад. Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО. Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје. -Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски, рече тој. Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори…

Read More

Во Охрид е измерено најголемо количество дожд во изминатите 24 часа, односно 28 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатото деноноќие, според мерењата до 8 часот, 25 литри на метар квадратен наврнат воден талог имало во Дебар, 22 во Претор, 18 во Пожаране, 17 во Штип, 14 во Маврови Анови, Крива Паланка и Крушево, 13 во Битола, 12 во Лазарополе, десет во Тополчани, осум во Прилеп, седум во Тетово, Гевгелија, Попова Шапка, шест во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија, пет во Струмица, три во Берово, Дојран и Ѓуриште. Времето денеска ќе биде облачно, посвежо…

Read More

Норвешка ќе ги врати воените хеликоптери NH90 што ги нарача од француската NH Industries бидејќи тие се или несигурни или доцна се испорачани, изјавија денска министерот за одбрана и командантот на армијата. Владата, исто така, ќе бара враќање на 523 милиони долари, плус камати и други трошоци од NH Industries, која е во сопственост на Airbus Helicopters, италијански Leonard и Fokker Aerostructures од Холандија. „Без разлика колку часови работат нашите техничари и колку делови ќе нарачаме, тоа никогаш нема да му овозможи на NH90 да ги исполни барањата на норвешките вооружени сили“, рече министерот за одбрана Бјерн Арилд Грам на…

Read More

Тој не зеде ништо од нив, тој го врати [тоа што беше Русија], рече Путин во четвртокот, по посетата на изложбата посветена на царот. Рускиот претседател Владимир Путин му оддаде почит на царот Петар Велики на 350-годишнината од неговото раѓање, при што направи паралела меѓу она што тој го претстави како нивни заеднички историски потраги да ги вратат руските земји. „Петар Велики ја водеше големата северна војна 21 година. Се чини дека војуваше со Шведска, нешто им зеде. Тој не зеде ништо од нив, тој го врати (тоа што беше Русија)“, рече Путин во четвртокот по посетата на изложбата посветена…

Read More

Случајот Талир 2 е последната потврда за криминалот од епски размери на ВМРО-ДПМНЕ.Талир 2, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно, Тенк се случаите каде низ судска постапка е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, а во постапка се и неколку други предмети. Додека за 11 години граѓаните тонеа во сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ незаконски градела луксузно опремен дворец и купувала простории во триесеттина градови низ државата.Наместо да го брани криминалот на свои функционери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги врати украдените пари не само од случајот Талир 2 туку и сите други украдени пари.И покрај бројните пресуди за докажан криминал, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува,…

Read More

Настанот се случи во Манастирот “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј. Вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде и официјално актот на Вселенската Патријаршија од 9 мај, со кој МПЦ-ОА е вратена во канонско единство во православните цркви. Тоа се случи во Истанбул, на првиот ден од посетата на делегацијата на Охридската Архиепископија, предводена од Архиепископот г. Стефан, која беше пречекана на Аеродромот Истанбул од страна на Високопреосвештениот Митрополит Кидониски г. Атинагора, Високопреподобниот Архимандрит г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и Великиот Свештенопроповедник г. Панарет, објави religija.mk. – Дојдовме…

Read More

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, за време на дводневната турнеја низ Западен Балкан, денеска ќе ги посети Приштина и Белград, а потоа и Северна Македонија, Грција и Бугарија. Според најавата на германската влада, тој прво ќе престојува во Приштина, каде  меѓу другото ќе ги посети германските војници во рамките на КФОР. Потоа ќе пристигне во Белград каде ќе има разговори со државниот врв на Србија. Вечерта ќе отпатува за Грција, на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Шолц ќе присуствува на вечера во Солун со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“ (ПСЈИЕ). Шолц утре…

Read More

Времето ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни локално (над 20 л/м2 наврнат воден талог), проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ=5 Во Скопје, облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите-членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој денес се одржува во Солун, Грција. Премиерот Ковачевски, ќе има свое обраќање на Самитот, заедно со колегите од Југоисточна Европа, членови на процесот. Самитот со кој ќе претседава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, предвидено е да започне во 17:40 часот. На Самитот присуствуваат германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Европскиот совет,…

Read More