Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа 

0
By НОВА ТВ Balaban on June 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 10, 2022 11:27

На состанокот беше усвоена и декларација, според која Северна Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција.

​​​​​​​​Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Солун, Грција учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Министерскиот состанок за надворешни работи се одржа во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите беше регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина. Истовремено беа разменети мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Заблагодарувајќи се за успешното претседавање на Грција во вонредните околности како и за поддршката на европската интеграција на земјите од ПСЈИЕ кои се уште не се земји членки на ЕУ, Османи се осврна на важноста од суштинското унапредување на регионалната соработка во момент кога целата меѓународна заедница се соочува со предизвиците на покачените цени на енергенсите и основните продукти и сировини како последица од војната во Украина. Порача дека сите форми на регионално организирање кои имаат за цел намалување на бирократските бариери и градење на заеднички регионален пазар треба да се третираат со потребната итност и целосен ангажман на Владите. Во таа насока ги потенцираше проектите за унапредување на инфраструктурата, за обезбедување на енергетска диверзификација и исполнување на целите на зелената агенда за Западен Балкан. Посочи на исклучително позитивниот ефект од укинување на роаминг тарифите помеѓу земјите од регионот и напорите истите да се укинат и во однос на земјите членки на ЕУ како и на воспоставувањето на т.н. Зелени ленти за превозниците со најава за нивно проширување и кон земјите членки на ЕУ, започнувајќи со границата помеѓу Северна Македонија и Грција, како примери на добри пракси за натамошно делување.

По однос на европската перспектива на регионот министерот Османи изјави дека “нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ од онаа да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан“.

На состанокот беше усвоена и декларација, според која Северна Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. Претседавањето со оваа регионална организација се случува паралелно со претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година. Со ова, Република Северна Македонија се етаблира како актер кој има дипломатски капацитети да претседава со важни регионални и меѓународни форуми и организации.

Османи претседава Процесот за соработка на Југоисточна Европа Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.