Author: НОВА ТВ Balaban
Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму. Талибанците денеска соопштија дека времено ги прекинуваат сите летови од меѓународниот аеродром во Кабул, пренесува телевизијата Скај њуз Арабија. Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму. Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул, додека на сите авиони на транзитни летови им е препорачано да ја сменат рутата и да не…
На 16.08.2021 полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.
Исто така без вода ќе останат Гинекологија Чаир, Поликлиника Железара и Ремедика. Од ЈП „Водовод и Канализација“ известуваат дека на ден 18.08.2021 година (среда) поради дефект на затварач Ф-500 мм на крстосницата од улиците Цветан Димов и Џон Кенеди, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следниве улици: Џон Кенеди, Цветан Димов, Панче Неделковски, Кемал Ататурк, Коста Абрашевиќ, Сараевска, Ордан Чопела, Јајце, Стојна Стевкова, Вергино, 7ма Албанска односно цела Општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север и Бутел 2, цела населба Железара и Автокоманда со улиците Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев. Исто така без вода ќе останат Гинекологија…
Полицијата вчера во Скопје приведе 36-годишен скопјанец поради извршена тешка кражба во салон за автомобили. – На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, соопшти МВР. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.
На преостанатите Американци во Кабул официјален Вашингтон им порача да се засолнат на местата каде што се наоѓаат во моментот и да не патуваат до аеродромот. Стејт департментот денеска соопшти дека САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул и истовремено ќе ја забрзаат евакуацијата на илјадници Авганистанци кои имаат право на специјална имиграциска виза. САД моментно разговараат со Талибанците во Кабул и Доха, каде се водат мировни преговори, јавија американските медиуми. На преостанатите Американци во Кабул официјален Вашингтон им порача да се засолнат на местата каде што се наоѓаат во моментот и да не патуваат до аеродромот. – Имаме…
МВР скоро секојдневно ја објавува точната и прецизна информација дека Прифатниот центар за странци, кој функционира непрекинато цели 20 години, нема и нема да има никаква врска со мигранти, како што одредени медиуми сакаат ја дезинформираат јавноста, пласирајќи лажни вести. Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од одредени портали дека Прифатниот центар во Гази Баба ќе се користи за сместување на бегалците од Авганистан, и дека министерот Спасовски тоа го потврдил. Тоа е апсолутно лажна вест! соопштија денеска од МВР. Користениот статус на министерот Спасовски е во контекст на вчера објавената тема на Македонската информативна агенција- МИА во врска со…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место.
Истрелани ќе бидат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Во касарната „Илинден“ во Скопје вечер, со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Истрелани ќе бидат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно, во 16.00 часот, ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.
Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција. Турција почна со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си. Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција. Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив.…
Од ЦУК ги повикуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места, каде е присутен оган или дим, да ги известат надлежните служби во најблиските институции или да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК – 195. Во моментов има три активни пожари – кај селото Раовиќ, во Општина Сарај, во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп и нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко, информираше на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова. – Пожарот кај селото Раовиќ, Општина Сарај е се уште активен и утрово…
Талибанците се борат против авганистанската влада во Кабул, која има поддршка од Западот од 2001 година, кога талибанците беа сменети од власт. Првично беа членовите на така наречените муџахедини, кои со поддршка на САД се бореа против советските сили во 80-тите години.Шест важни личности го предводат талибанското движење, кое од 2001 година се бори против владата која има поддршка од Западот. Талибанците се борат против авганистанската влада во Кабул, која има поддршка од Западот од 2001 година, кога Талибанците беа сменети од власт. Првично беа членовите на т.н. муџахедини, кои со поддршка на САД се бореа против советските сили во…
Адвокатот на Дилан, Роберт Цимерман, во изјава за „Ју-ес-еј тудеј“, изјави дека „обвинението старо 56 години е невистинито и енергично ќе биде побиено на суд“. Боб Дилан е обвинет во Њујорк, од жена која тврди дека тој сексуално ја нападнал пред речиси 60 години, кога таа имала 12 години. Во тужбата поднесена кон крајот на минатата седмица од тужителката Џ.Ц. се вели дека Дилан го злоставувал девојчето во период од шест седмици, меѓу април и мај 1965 година. Се тврди и дека Дилан „го искористи својот статус како познат музичар за да ја снабди Џ.Ц. со алкохол и дрога и…