Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Од третата, црвената зона, Северна Македонија од 8 јули 2021 година ќе биде преместена во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар и неопходен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно одлуките на кипарската Влада, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во и сивата зона. Во првата (зелена) категорија „земји со ниска опасност” е 31 држава и за нив не…
Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на епидемиолошката „зелена“ листа на Австрија. Како што е најавено во Виена, со уредба која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега само Србија и Северна Македонија, како и Албанија, беа на „зелената“ листа, а сега ќе се наоѓаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Патниците кои пристигнуваат од земјите на „зелената“ листа можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за извршена вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра…
Шефот на Светската федерација на лекари, Френк Улрих Монтгомери, смета дека не е можно да се постигне краткорочно колективен имунитет против коронавирусот. – Луѓето кои се скептични мора да бидат упатени да се вакцинираат. Десет проценти кои не сакаат да се вакцинираат, секако ќе стекнат имунитет со тоа што ќе се разболат, изјави Монтгомери за германската медиумска групација „Функе”. За стекнување колективен имунитет потребно е вакцинирање на 85 проценти од населението, истакна Монтгомери, додавајќи дека клучот за успех во борбата против Ковид-19 е вакцинирање на населението.
Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, утрово ги презентира приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ, меѓу кои е и Западниот Балкан, а претседателката на Европската Комисија се надева дека за овие шест месеци ќе бидат отворени преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Јанша утрово се обрати пред европратениците како што е обичај при секој почеток на ново претседателство со ЕУ. Тој порача дека Западниот Балкан е многу важен регион за ЕУ, поради што Љубљана ќе организира лидерска средба помеѓу ЕУ и регионот во октомври во Словенија. За Словенија проширувањето е логичниот одговор на геостратешките…
Маж од Грац бил каснат од питон додека седел на ВЦ школка. Питонот бил домашно милениче на неговиот сосед, а завршил во неговата бања откако избегал низ канализацијата. Полицијата соопшти дека мажот седел во тоалетот кога почувствувал дека некој го „штипнал“ за гениталиите и веднаш скокнал, а потоа открил дека од тоалетот го гледа албио питон, пренесува Daily Mail. Мажот веднаш повикал полиција, која пристигнала со експерт за рептили кој ја отстранил змијата од местото каде што се криела. Во меѓувреме, мажот поради полесни повреди е пренесен во болница . Лекарите изјавиле дека питоните не се отровни, за среќа, но…
Бугарската компанија „Комак медикал” ја прекинува работата на 31 јули, месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, потврди за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е дека Северна Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата. Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија. Досега 3.200 граѓани на С Македонија…
Точно е дека ДЕЛТА сојот е позаразен и почесто ги напаѓа помладите, но факт е дека во Британија, нема ниту едно дете хоспитализирано поради компликации од овој сој, објави д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил. – Затоа, по два месеци летен распуст, на 1 септември сите деца во училишните клупи, порача д-р Беќаровски.
Момчето кое вчера настрада во сообраќајка на Халкидики во Грција потекнува од Гевгелија, а имало и привремен престој во Певкохори, информираат од Министерството за надворешни работи. – На 04.07.2021 (недела), утрото во 06.20 часот, на 35 км од локалниот пат Мудања -Палјури, возилото со регистарски таблици VE-12E-VE, управувано од државјанинот на РСМ, П. Б., роден на 07.09.1999, со постојано место на живеење Гевгелија и привремен престој во Певкохори, движејќи се од Ханјоти кон Полихроно, претекнувајќи, излета надвор од коловозот и во продолжение удри во друго возило со регистарски таблици XKM-5759, коешто беше паркирано на службениот паркинг, сопственост на фирма. Сообраќајната…
Повторно е активиран вулканот Етна, на јужниот италијански остров Сицилија, па вистинска „фонтана од лава“ се спушта од неговата југоисточна страна, пренесуваат италијанскиите медиуми. На последната ерупција ѝ претходеа неколку силни експлозии што се слушнаа далеку, додека од кратерот почна да излегува чад, а околните места набрзо беа прекриени со вулканска пепел. И покрај густиот чад и пепел, засега не е прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, во централниот дел на Сицилија. Според Националниот институт за геофизика, изворот на лавата се наоѓа на 3.000 метри надморска височина.
Лабораторијата на Секторот за екологија и подобрување на животната средина на ЈКП „Градска чистота“ го открила западнонилскиот вирус, за време на анализата на комарците во Белград. Оттаму ги предупредуваат граѓаните да се однесуваат одговорно, да користат средства за отстранување комарци и мрежи за заштита, како и да избегнуваат да остануваат надвор за време на најголемата активност на овие инсекти – од 19 часот до полноќ, кога тимовите изведуваат активности за сузбивање на комарците. – Апелирам до моите сограѓани да бидат внимателни и да не ги игнорираат симптомите и да повикаат доктор поради висока температура и главоболка, слабост или осип во…
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска на работен состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација која треба да започне од следната недела. Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен, информираат од Министерството за здравство.
Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус, објавија светските новински агенции. Таа ги откажала сите планирани обврски. „Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврден како позитивен на Ковид-19“, соопшти палатата Кенсингтон. Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми на коронавирусот, но ги следи правилата на здравствените власти. Така, таа мора да остане во изолација 10 дена. Војвотката од Кембриџ минатата недела учествуваше на неколку настани, а во петокот присуствуваше и на тенискиот турнир Вимблдон. Заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам,…