Шефот на Светската федерација на лекари, Френк Улрих Монтгомери, смета дека не е можно да се постигне краткорочно колективен имунитет против коронавирусот.

– Луѓето кои се скептични мора да бидат упатени да се вакцинираат. Десет проценти кои не сакаат да се вакцинираат, секако ќе стекнат имунитет со тоа што ќе се разболат, изјави Монтгомери за германската медиумска групација „Функе”.

За стекнување колективен имунитет потребно е вакцинирање на 85 проценти од населението, истакна Монтгомери, додавајќи дека клучот за успех во борбата против Ковид-19 е вакцинирање на населението.