Author: НОВА ТВ Balaban

Регулаторната Комисија за eнергетика денеска ги објави новите цени на горивата, кои почнуваат да важат од вечерва на полноќ. Малопродажните цени на Еуросупер-95 и Еуросупер-98 се зголемуваат за 0.50 денари по литар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.50 денари, додека литар 98-октански бензин ќе чини 73.50 денари. Цената на Еуродизел не се менува – еден литар дизел и понатаму ќе се продава за 63.00 денари.

Read More

Членовите на чилеанското Уставно собрание избраа претседателка на државата, која е припадник на домородното племе Мапуче и ќе ја извршува функцијата до усвојувањето на нов устав, пренесуваат светските агенции. Станува збор за Елиса Лонкон која освои апсолутно мнозинство во вториот круг од гласањето, односно со 96 од вкупно 155 гласови во Уставното собрание во Сантјаго. Задача на Уставното собрание е да изготви нов устав за земјата, за кој Чилеанците ќе гласаат на референдум. „Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за жена Мапуче, што ќе ја промени историјата на оваа земја“, изјави Лонкон во својот прв говор по…

Read More

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска решиле да не бараат воведување на рестриктивни мерки како превенција на ширењето на делта сојот на коронавирусот. Здравствената состојба е стабилна, па од Комисијата нема да има нови препораки до Владата, оцениле епидемиолозите на утринскиот состанок. Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ситуацијата е многу мирна, а нема ниту еден знак дека е можно да се  влоши  епидемиолошката слика. Нема зголемен притисок по болниците повеќе денови по ред. – Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што нѝ укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја следиме ситуацијата и…

Read More

Македонскиот државјанин, кој беше повреден во сообраќајната несреќа на Халкидики е пуштен од болница и веќе е во Северна Македонија, дознава дописничката на МИА од Атина. Во сообраќајната несреќа што се случи вчера наутро на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а сопатникот беше пренесен во болница. Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот…

Read More

По претставката од македонското МНР и реакциите во македонската јавност , УЕФА го тргна терминот „Северномакедонец“ од официјалниот сајт и го замени со „Македонец“, во графата за националност на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и генералниот секретар Филип Поповски. За да се промени терминот„Северномакедонец“ од МНР веднаш испратија реакција до Европската куќа на фудбалот. Од МНР вчера соопштија дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. „Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, ентитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до…

Read More

Полициски службеници од Отсекот за потраги при единиците за внатрешни работи Кисела Вода и Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје, вчера, на Љуботенски пат, атар на село Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, го лишиле од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица…

Read More

Подолг период нашево општество на политички план функционира со висока тахикардија, просто зачудувачки како преживува. Речиси на дневна основа се креираат афери и скандали кои прогресираат до прашањата кои се на ниво на геостратегија. Секој ден со нова  тема, отвараме и затвараме прашања битни за заедницата. Театарот наречен македонска политика ‘’крца’’ од публика, претставата е динамична, актерите целосно се внесени во улогите. Што стои зад завесата, што го детерминира овој политички производ, дали едно од тие нешта се вредностите на кои почива нашата политичка активност? Како и во подводниот свет така и во овој случај, колку подлабоко  одиме толку сликата…

Read More

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа- Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Северна Македонија, а автомобилот…

Read More

Американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека 99,2 проценти од луѓето кои починале во САД од последици од ковид-19 не биле вакцинирани. Тој за Ен-Би-Си изјави дека е тажно и трагично што повеќето од овие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, а тоа не се случило. Фаучи апелираше до граѓаните да ги остават настрана сите разлики и да разберат дека ковид-19 е заеднички непријател. Фаучи исто така истакна дека САД се многу среќни што имаат доволно вакцини за да ги заштитат сите граѓани. Во САД над 621.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата со ковид-19.

Read More

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рокер, е на билатерална средба со премиерот Зоран Заев, по која се очекува заедничка прес-конференција. Високиот претставник на американската администрација на денешната дебата во рамки на „Преспа форумот“ ѝ упати забелешки на ЕУ, дека го изгубила кредобилитетот на Западниот Балкан и поради неодлучноста за деблокирање на процесот за евроинтеграции на РС Македонија и Албанија. Рикер нагласи дека со таквата неконзистентност ЕУ им штети и на американските намери во овој дел на Европа. Премиерот Заев во настапот на овој форум  неколкупати го изнесе очекувањето за поддршка од страна на САД околу нашето…

Read More

Доколку не се интензивира имунизацијата во Србија, сценариото кое не очекува, можеби и пред есента нема, да му се допадне на никого. Можеме, предупредуваат експертите, уште еднаш да имаме полни болници и илјадници новозаболени на дневна основа, пренесуваат српските медиуми. Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, вели дека сепак е потребно да се почитуваат мерките. – Делта сојот во моментов е доминантен во светот – вели Кон и додава дека „проблемот не е новиот сој, туку недоволниот број на вакцинирани“. – Бевме многу задоволни од нивото на вакцинација кога го имавме кинескиот сој, па…

Read More

Земјите од Западен Балкан да не чекаат на пристапувањето кон Европската унија, имаат многу нешта кои може да ги прават заедно, порача денеска министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан”, што се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог”. Тој забележа дека Европската унија никогаш не била надвор од овој регион, посочувајќи дека би било добро и Америка да се додаде во Берлинскиот процес. – Немојте да чекате на пристапувањето. Премногу сме фокусирани на тоа. Овој регион има многу што друго…

Read More