Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат. Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на денешниот и утрешниот ден (24 и 25.06.2021 година – четврток и петок). Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над…
Припадник на Министерството за внатрешни работи колабираше за време на откривањето на спомен обележјето на четворицата беровски бранители кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година. За време на говорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден од припадниците на полицијата падна на плочникот, при што итно интервенираше министерката Јагода Шахпаска која беше дел од настанот. Шахпаска, која по професија е лекар, заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец кој најверојатно колабирал поради топлото време. – Дечкото колабираше, но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа…
Министерството за здравство и МОН веќе се во подготовка на безбедносните протоколи за почеток на учебната година во септември. Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека тимовите се составени од претставници од Министерството за образование и епидемиолози од Комисијата за заштита од заразни болести. – Се однесува на тоа децата да се присутни 100 отсто, вкупната бројка на деца во класовите, така се прават протоколите. Има мерки за дезинфекција, мерки за влез-излез, немешање на различни класови. Ми се чини дека за не повеќе од две недели протоколите ќе бидат целосно завршени, рече Филипче. Тој додаде дека откако ќе пристигне…
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), информираме дека во текот на следните два дена (24 и 25 јуни 2021 година), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се: – Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години. – Во установите за згрижување на децата (градинки) да не…
Тропските температури што ја заплиснаа и нашата земја утре и задутре ќе се зголемат – се прогнозираат и над 40 степени Целзиусови во некои делови, па во југоисточниот регион од земјата ќе биде прогласен и црвен метео аларм, предупредуваат од УХМР. Од Агенцијата за храна и ветеринарство предупредуваат на зголемен ризик од труење со храна на овие горештини, да не се купува храна со оштетена амбалажа, но и дека не се само луѓето во опасност, туку и животните, кои, исто така, може да доживеат топлотен удар и сончаница. При високи температури, ризичен е и транспортот на животните. – Топлата воздушна маса…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1. Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1. Не се регистрирани нови починати лица. Направени се 3.529 тестови преку: ИЈЗ-100, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово–54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0,…
Свеста за сериозноста на лекарските прегледи на спортистите е на многу ниско ниво. Дел од родителите ми велат „Ама детето има утре натпревар, дајте му печат, а прегледајте го друг ден!“ , па трескаат со врати, за жал! Чест на исклучоците! Без комплетен преглед во Заводот не издаваме потврда дека некој е способен да тренира. Кога се случи да почине ракометарот од Скопје по натпреварот, веднаш од клубовите навалија на прегледи, па цела недела ги прегледувавме ракометарите, предупредува во интервјуто за НоваТВ д-р Весна Трајческа Локвенец, специјалист по спортска медицина и раководителка на Службата за спортска медицина во Здравствен Дом…
Ја започнавме средбата со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев. Денес работиме на зајакнување на довербата и преку искрен пристап целиме да постигнеме исчекор напред кон решение, објави премиерот на РС Македонија, Зоран Заев на Твитер. Пред почетокот на официјалните средби во Софија, премиерот Заев и владината делегација предводена од него беа примени од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов во седиштето на партијата, јави дописникот на МИА од Софија. Приемот од Бојко Борисов беше пренесен директно на неговиот фејсбук-профил. Заедно со Борисов, во име на ГЕРБ, беа поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и заменик-претседателот…
Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, е во сериозна здравствена состојба и е пренесен на Невролошкото одделение на софиската болница Токуда, објавија денеска повеќе бугарски медиуми. Тој бил однесен во болницата на 15 јуни, но веста дури денеска ја соопштија вработени од софиската митрополија. Патријархот Неофит бил пренесен во болница од високи духовници на Бугарската црква, на кои им била доверена грижата за неговото здравје. Според написите во бугарските медиуми, тие се обиделе влошувањето на здравјето на патријархот да го зачуваат во тајност. Неговата состојба сега е стабилизирана, но никој не е подготвен да дава било каква прогноза за…
Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот. Дека е модел за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичен на овој свет, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање, вели премиерот Зоран Заев, три години по потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше решен спорот со Грција. -На 17 јуни 2018 година во еден од најубавите предели на Европа, на тромеѓето на Преспанските Езера беше потпишан историскиот Преспански договор. Со Договорот од Преспа, се реши речиси тридеценискиот спор со Грција кој имаше сериозни негативни билатерални, регионални и мултилатерални импликации и кој светот…
Десет пациенти се хоспитализирани поради компликации од корона вирусот во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава. Во Скопје е примен еден пациент и девет пациенти во болниците низ земјава. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19. Од нив, 26 се во Скопје и 64 во ковид центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево. Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје има вкупно девет болни, а на Клиниката…
Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет – се грижиме за секоја мајка и сопруга, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој додава: Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста. Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето. Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи. Во 2018…