Author: НОВА ТВ Balaban

Од ЈСП информираат дека денеска, среда (9.06.2021 година), од 15 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на повеќе сообраќајници во Скопје, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп – 1. Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1. Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови. Направени се 2.619 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ…

Read More

Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска им порача на своите приврзаници во градот Арапан дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските заробеници во Азербејџан. – Официјално му кажав на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски заробеници, рече Пашињан, повикувајќи ги своите политички ривали на претстојните избори да го сторат истото. Изјавата на Пашињан е одговор на неговиот политички ривал, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, кој ја критикуваше изјавата на премиерот кој рече дека „размената на затвореници може да почека еден месец или два“. Синот на премиерот,…

Read More

За декретот на американскиот претседател, Џо Бајден, со којшто на „црна листа“ се ставаат противниците на Преспанскиот и Охридскиот договор, поранешниот шеф на дипломатија и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, изјави дека станува збор за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штити своите национални интереси. – ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити македоснките национални и државни интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси – изјави Милошоски…

Read More

Не може без процедури да делиме ваучери ! Јавниот повик ќе се спроведе до крај, а ако  треба и плус повици ќе распишеме, а во постојниот повик нема да има никакви измени, изјави на денешната прес-конференција министерот за економија, Крешник  Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакциите на граѓаните за ваучерите за одмор во висина од 200 евра за коишто Владата најави дека ќе ги доделува на граѓаните со ниски приходи. Дел од граѓаните реагираат дека ваучерите нема да може да ги добијат ниту лицата чие семејство е со две минимални плати, бидејќи месечниот износ надминува 30.000 денари,…

Read More

Само 1,4 отсто од пластичниот отпад во РС Македонија се рециклира и тоа е поразителен податок, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање и додаваат дека немаат надлежност да извршат притисок на општините да организираат селекција на пластиката. Што се однесува до преработка на други видови отпад, состојбата е нешто подобра. Според податоците што ги обработило МЖСПП, во 2020 година биле рециклирани 3 620,345 тони отпадна електрична и електронска опрема, 5 038,854 тони отпадни батерии и акумулатори и 2 808,702 тони отпад од пакување.  Речиси милион тони комунален отпад годишно или 452 кг отпад по жител Инаку,  вкупното количество…

Read More

Вработен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, Марјан Димовски, денеска сведочеше во случајот против „Организаторите за 27 април”, во врска со вештачењето на мобилните телефони на дел од обвинетите. – Извештајот е од 26.06.2018 година по наредба на Катица Јанева, од Специјалното јавно обвинителство. Во ноември 2020 година, не можам точно да се сетам, доставивме копија од вештачењето по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Немам лиценца за вештачење издаденa  од Министерството за правда, не сум регистриран во регистарот на вешти лица, изјави сведокот Димовски, пренесува „Слободен печат“ Воедно, тој истакна дека негова надлежност…

Read More

Индискиот сој на коронавирусот, за којшто здравствените власти денеска потврдија дека е откриен и во нашата земја, официјално е пријавен на 53 територии, според Светската здравствена организација. За тоа дали и која е опасноста од влошување на епидемиолошката состојба по појавата на оваа мутација на вирусот и во нашата земја, проф. д-р Драган Даниловски за Нова ТВ вели: – Јас сум оптимист дека појавата на индискиот сој нема да предизвика нарушувања на епидемиолошката состојба. Едноставно, не постојат поволни услови за ширење на било кој респираторен вирус. Како ќе биде наесен, ќе видиме. И тогаш не верувам дека би дошло до…

Read More

Граѓани од РС Македонија кои сѐ  уште не примиле вакцина против ковид 19, а сакаат да патуваат во соседна Грција тоа ќе може да го сторат и без потврда за имунизација или PCR-тест, но на потврдата дека ја  прележале болеста и тоа најмалку пред два до најмногу девет месеци, треба да биде впишан и QR кодот, а  оваа апликација во моментов забрзано се изготвува. Во меѓувреме од сертифицирани лаборатории може да се добие оваа потврда. Од матичните лекари граѓаните сега можат да го добијат само сертификатот за вакцинација, на кој е впишан овој код, додека за потврдата за прележан ковид…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1. Регистрирани се 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш 26 оздравен и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно…

Read More

Како исклучително опасни ги карактеризираше министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас наводите за промена на границите на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи на конференцијата за регионален развој што се одржува во грчкиот град Патра, шефот на грчката дипломатија се осврна и на регионот. -Пристапниот процес на Западен Балкан е многу голем и тежок обид. Последна работа што му треба на Балканот е размислувања за промена на границите. Балканот е нестабилен регион, особено Западен Балкан, рече Дендиас и додаде дека е потребна огромна внимателност во регионот за да не се предизвикаат други неконтролирани ситуации. Коментираше дека…

Read More

659 е вкупниот број на неевидентирани лица коишто се внесени во евиденција согласно Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, според податоците добиени од Управата за водење на матични книги. Од нив се доставени 211 барања за упис во посебната матична книга, што значи, ако го споредиме со вкупниот број на неевидентирани лица, кој изнесува 659, неспорно е заклучокот дека 448 лица или околу 70 проценти од вкупниот број, сè уште не поднеле Барање за упис во матичната книга на родени, покажува Посебниот извештај за состојбата со неевидентираните деца во матичните книги на родени по примената на Законот…

Read More