Author: НОВА ТВ Balaban

Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот летал од Сплит кон Германија. Спортски авион „Цесна“ со четири патници се урнал во близина на Раковица, во северниот дел на Хрватска, во близината на границата со БИХ, соопштија од горската служба на Хрватска. Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот полетал од Сплит кон Германија. 30 припадници на горската служба се на терен во потрага по остатоците од авионот. Од радарот авионот исчезнал околу 11:52 часот.  Веднаш во потрага се вклучиле и 34 полициски службеници. Последниот контакт на авионот бил на 2.300…

Read More

Нема повредени граѓани во невремето во Тетово, ниту излевање на реките во регионот, изјави попладнево за Канал 5 директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. И Тетово и околината денеска околу пладне го погоди силно невреме кое предизвика големи проблеми на жителите. Многу улици во Тетово беа поплавени од поројниот дожд, автомобил се заглави во водата, а многу подруми и приземја на индивидуални куќи исто така беа поплавени. Се случи и прекин на испораката на електрична енергија. – Нема повредени граѓани во невремето во Тетово, ниту излевање на реките во регионот, изјави попладнево за Канал 5 директорот на…

Read More

Силно невреме со врнежи од град со големина на тениско топче синоќа уништи  лозја и други насади во општината Лозово, летаа и покриви од куќи, а  настрадаа и соларни панели и покриви на автомобили. Градоначалникот  на општина Лозово, Бошко Цветковски, изјави дека градот  удрил по повеќе села, а допрва ќе се утврдува колку ќе чини поправка на штетите. Утре ќе се одржи вонредна средница на Советот, на која ќе биде формирана и Комисија за проценка на штети. И пред неколку дена оваа општина ја погоди силно невреме. (ФОТО Бошко Цветковски)

Read More

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика. Увид во нормализирањето на состојбите денес направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум. За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид. Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман…

Read More

Тој вели дека проблемите се далеку посериозни бидејќи бегалците од Украина имаат проблеми со моменталниот статус во државата, односно немаат можност да пристапат до пазарот на трудот, а со тоа не можат да остварат сопствени извори на приход. Заменик-народниот правобранител Јован Андоновски заедно со Амбасадата на Украина во Северна Македонија и Здружението на Украинци во претходните денови организираше хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина кои престојуваат во Северна Македонија. На прес-конференција денеска Андоновски рече дека целта на спроведувањето на оваа акција е да се помогне на лица кои се во неволја и се дојдени само со една торба лични работи што, како…

Read More

За нас беше важен истекот на договорот за гас по десет години. Она што можам да ви го кажам е дека се договоривме за главните елементи кои се многу поволни за Србија. Се договоривме да потпишеме договор за три години, а не за еден месец, како што некои предвидуваа, изјавил Вучиќ.   Српскиот претседател, Александар Вучиќ, и рускиот лидер, Владимир Путин, денеска телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и за развојот на настаните околу Косово, соопшти денеска Кремљ. – Остварен е телефонски разговор меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и претседателот на Србија Александар Вучиќ… Договорено е, меѓу другото, Русија…

Read More

Во пет угостителски објекти во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со прегласна музика. Контролата за голема бучава во угостителски објекти на подрачјето на Битола била извршена од полицијата ноќеска од 23 до 2 часот. -Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија. Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание.Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието, изјави денеска Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде: Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не очекува дека со растот на цените на струјата повеќе домаќинства да се вратат на затоплување со дрва и со тоа да имаме зголемено загадување оваа зима. Нуредини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, ваквиот став го објаснува со тоа дека предлогот за зголемување на цената на струјата не е финален и дека државата дава субвенции за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување и за енергетска ефикасност на објектите. – Како прво, предлогот за зголемување на цените на струјата не е финализиран, но слушнав…

Read More

Пожар избувна утринава на главната железничка станица во Загреб, при што се запалија неколку вагони, јавуваат хрватските медиуми. Пожарот избувнал во еден од вагоните околу 9 часот, но набрзо се проширил и на други. Пожарот го гаснат 12 пожарникари со три возила.

Read More

Полицијата лишила од слобода седум лица ноќеска за поседување дрога, при контроли на концерт во објект во Карпош и во два угостителски објекта во Скопје. -Кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронајдена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР. Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во…

Read More