Author: НОВА ТВ Balaban

АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021 година, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022 година, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. – Годишен план за јавни набавки (ГПЈН)-намалување за 96 милиони евра (5.861.339.686 денари) – Годишен финансов план-намалување расходи за 8,3 милиони евра (515.194.000 денари) – Годишна инвестициска програма (ГИП)-намалување за 117 милиони евра (7.211. 301.293 денари) Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување…

Read More

На 26.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Р.А.(20) и Р.А.(21), двајцата од с.Арачиново. Тие се сомничат дека на 25.04.2022  во спортска обложувалница на ул.„Спиро Црне“ во Скопје со закана кон вработената одзеле пари. Во нивното возило биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Со покажување на картичката, студентот става шише во отворот на машината, а зависно од  големината, на неговата сметка се префрлаат 0,5 денар или 1,5 денари  Државниот студентски дом – „Скопје“ набави машини за рециклирање на пластика наменета за студентите кои престојуваат во студентските домови со цел редуцирање на отпадот, подигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Покрај глобалната придобивка – зачувување на животната средина и зацврстување на навиките за рециклирање, со студентската картичка тие ќе можат да вршат и т.н. „поврат на средства“. Средствата ќе се враќаат на студентското салдо со секое рециклирано пластично шише и алуминиумска…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции. Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип,…

Read More

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во својот настап по повод првите 100 дена од Владата истакна дека уште во првите 50 дена беа направени два историски чекори. „Во првите три недели од работата на Владата го остваривме ветувањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Директно го подобривме животниот стандард на граѓаните, на работниците. Околу 160.000 граѓани сега добиваат најмалку 18.000 денари“, нагласи тој и додаде дека Владата останува посветена на политиките за раст на просечната плата и со силен интензитет да ја помага економијата. Во првите 100 дена, потенцира Ковачевски, Владата преку одговорна и посветена работа на сите чинители вклучени…

Read More

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво. Како што информираат од Јавното обвинителство на 21 април, половина час по полноќ, осомничениот ставил црна маска на лицето, црн дуксер со капа на главата и ракавици на рацете, па со парче бетон го скршил стаклото од влезната врата на електронското казино лоцирано во Богданци на улица „Маршал Тито“.  Кон оштетената вработена вперил нож и влегол од внатрешната страна на пултот каде што била касата. Оттаму одзел вкупно 65.000 денари во различни поени. – Постапувајќи…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 893 тестови, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19, Скопје – 15, Битола – 3, Кавадарци, Кичево и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции. Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Битола – 16, Прилеп – 6, Велес – 4, Кавадарци и Куманово – по 3, Штип – 2, Кичево и Тетово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од : Прилеп (72г), починато…

Read More

Три лица се фатени на дело при обид за кражба во фабрика за производство на марихуана во Струмичко. Според информациите, синоќа, во 23 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги уапсиле Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на местото наречено Добрава во близина на село Сушица, Струмичко. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот, против нив…

Read More

Автомобил остана смачкан, а сообраќајот беше во прекин, по тешка сообраќајка кај Цементарница утрово околу 10 часот, објави republika.mk. Како што информираат од СВР Скопје, станува збор за сообраќајна незгода помеѓу две товарни и едно патничко возило.  Во незгодата повредени се две лица, возачот и совозачот од автомобилот. Едниот од нив е пренесен во Градска, додека другиот со Брза помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во тек е полицискиот увид, по што ќе се знаат деталите.

Read More

Б.И. вчера во 21.50 часот во СВР Скопје пријавил дека во хотел на подрачјето на Центар, каде од 22 април 2022 во една од собите престојувал неговиот пријател И.И. (46) од Скопје, истиот не ја отворал вратата од собата, ниту пак усно одговарал. Пријавителот заедно со полициски службеници од Полициската станица Центар ја отвориле вратата од собата, каде го пронашле починат И.И. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Read More

Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат. Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер, а од четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.

Read More