Автомобил остана смачкан, а сообраќајот беше во прекин, по тешка сообраќајка кај Цементарница утрово околу 10 часот, објави republika.mk.

Како што информираат од СВР Скопје, станува збор за сообраќајна незгода помеѓу две товарни и едно патничко возило. 

Во незгодата повредени се две лица, возачот и совозачот од автомобилот. Едниот од нив е пренесен во Градска, додека другиот со Брза помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во тек е полицискиот увид, по што ќе се знаат деталите.