Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Стефанишина истакна дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со својата кандидатура за членство во ЕУ. Нејзините изјави доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети брз одговор на барањето на Украина за членство во Унијата. На заедничката прес-конференција со Володимир Зеленски, Фон дер Лајен му врачи на украинскиот претседател прашалник кој ќе претставува почетна точка за одлука за членство. – Тоа нема да биде, како и обично, прашање на…
пишува Нано Ружин Пред неколку месеци во Франција започна големиот политички карневал-кампањата на дванаесетте кандидати за нов претседател на Франција. Првиот круг ќе се одржи утре (10 април) а по две недели и конечниот двобој помеѓу двајцата финалисти. Првата дилема е дали 48,7 милионското гласачко тело ќе ги надмине неславните предвидувања на анкетите дека тоа ќе бидат избори со највисока стапка на апстиненти, речиси 30% односно околу 15 милиони Французи нема да излезат на биралиштата. Втората дилема е дали Емануел Макрон, човекот со империјален карактер, како што го нарекоа аналитичарите, и за кого во првиот круг ќе гласаат 26,5%, повторно…
„Западен Балкан отсекогаш бил сфера на интерес на Русија и на други држави и ние го гледаме нивното присуство во регионот, но ние имаме јасна цел, јасно разбирање меѓу политичките партии во владината коалиција во однос на нашето стратешко припаѓање. Во минатото ЕУ не го исполни ветувањето, создаде празнина, затоа сега ова е прашање кое има приоритет да се реши што е можно побрзо, прво со взаемен договор со Бугарија, а потоа и со одобрување на преговарачката рамка од страна на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски на Форумот Делфи. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше обраќање…
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и досега. Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не…
“Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот “Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок, и Доника Грвала Шварц. На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји…
Смит му удри шлаканица на Рок откако комичарот се пошегува за изгледот на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит. По инцидентот што го предизвика минатиот месец, актерот Вил Смит доби 10-годишна забрана да присуствува на галата на „Оскарите“ и на другите настани на Академијата за филмска уметност, пренесуваат американските медиуми. Академијата соопшти дека 94. церемонија на доделување на најпрестижните филмски награди била засенета од неприфатливото и штетно однесување на Смит на сцената. „Забраната има за цел да ги заштити изведувачите и гостите, и да ја врати довербата во Академијата.“ Во соопштението се вели дека во мигот кога Смит му удри…
Прекинато водоснабдување денеска од 08:30 часот ќе имаат корисниците на улицата „Периша Савелиќ“ и Кабинетот на претседателот на државата. Прекинот, како што соопшти „Водовод и канализација“, е поради промена на шибер ф 80 милиметри на улица „Периша Савелиќ“ број 8. Без вода од 9 часот ќе бидат и жителите во зградата 14 на улицата „Крсте Мисирков” и поликлиниката Битпазар, додека со намален притисок ќе бидат населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Ченто и Трубарево. Прекинот ќе трае до завршување на работните активности.
Саудиска Арабија оваа година ќе дозволи до милион луѓе да се приклучат на аџилак во Мека, по две години строги ограничувања поради Ковид-19, објавија саудиските државни медиуми. За аџиите во Мека оваа година важи правилото дека мора да бидат помлади од 65 години и целосно вакцинирани против коронавирусот, соопштија властите во Ријад. На верниците од странство ќе им биде дозволено да дојдат на аџилак, но мора да приложат неодамнешен негативен ПЦР тест на Ковид-19 и да се почитуваат сите епидемиолошки мерки, се вели во соопштението. Минатата година, Саудиска Арабија го ограничи аџилакот во Мека, еден од петте главни столбови на…
Речиси 49 милиони Французи утре ќе излезат на првиот круг од претседателските избори, а според анкетите главната борба, како и на претходните избори во 2017 година, ќе се води меѓу претседателот во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен. Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во изминатите недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен, чија победа веќе не е незамислива. Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, додека аналитичарите проценуваат дека излезноста на гласачите ќе биде помала од вообичаената, бидејќи изборната кампања беше…
Две американски технолошки компании, Блок и Блокстрим, подготвуваат центар за ископување биткоини кој целосно ќе се напојува од сончевите зраци. Проектот започнува во јуни, а целта на неговите создавачи е да ги направат криптовалутите поевтини и поеколошки. Групата за дигитално плаќање Блок, претходно наречена Сквер, и експертот за блокчејн Блокстрим, инвестираа по шест милиони долари во пилот-проектот, кој се очекува да произведува околу 0,1 биткоин дневно, изјави извршниот директор на Блокстрим, Адам Бек. Експерименталниот центар ќе биде лоциран во Западен Тексас и ќе биде опремен со соларни панели и батерии на Тесла. Центарот за создавање биткоини може да го користи…
Германија почна да работи на зајакнување на своите јавни засолништа, како и на подготовка на кризни резерви во случај на војна, изјави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер за весникот „Велт ам Зонтаг“. Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, истакна министерката Фезер за германскиот весник. – Во Германија моментално има 599 јавни засолништа. Ќе видиме дали можеме да подобриме повеќе такви системи. Во секој случај, нивното демонтирање е запрено, додаде Фезер. Таа објасни дека Владата работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, метро станиците и подрумите, со…
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, предупреди дека помошта во оружје што западните земји и ја даваат на Украина, само го влошува судирот и потенцијално може да доведе до директен конфликт меѓу САД и Русија. Антонов за американскиот „Њузвик“ оцени дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје и на тој начин го поттикнуваат на натамошни конфликти. Рускиот амбасадор посочи дека таквите постапки се опасни и провокативни бидејќи, како што наведе, се насочени против Русија. Тој нагласи дека тоа може да доведе до директна воена конфронтација меѓу САД и Руската…