Author: НОВА ТВ Balaban

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Ја почитуваме целосно одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во однос на останатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, одговори Генчовска.   Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата…

Read More

Од компанијата „Меридиан ер карго“, во чија сопственост е авионот, за грчкиот информативен портал „Њуз247“ рекле дека авионот пренесувал опасен товар, околу 12 тони муниција од Србија и крајната дестинација бил Аман во Јордан, а паралелно истакнале дека муницијата не е поврзана со Русија или Украина. Украински државјани се осумтемина членови на екипажот во карго авионот Антонов-12 што доцна синоќа се урна, откако претходно се запали, во близина на грчкиот град Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, јави дописничката на МИА од Атина. По несреќата, во која нема преживеани, пожарот е целосно изгасен, а противпожарната…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ планирал денеска приватно да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти нема да му дозволат да влезе во земјата, пишува Јутарњи лист повикувајќи се на извори блиски до хрватската влада, јави дописникот на МИА од Белград. Премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на поранешниот концентрационен логор од Втората светска војна Јасеновац, ја оцени како скандал од прва класа кој се случил во современата историја на односите меѓу Србија и Хрватска. -Тоа е исто како да му забраните на претседателот на Израел да го посети Аушвиц. Тоа е антиевропска и антицивилизациска одлука и брутално газење…

Read More

За нас е историска можност што по 17 години почнуваме пристапни преговори со ЕУ, очекуваме поддршка и блиска соработка со Бугарија на овој пат, во интерес на граѓаните на РСМ и на Бугарија чиј интерес е Западен Балкан, а особено РСМ да се движи брзо кон членство во ЕУ, рече Османи. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување. Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување. Потпишувањето на протоколот е…

Read More

Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи, рече Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиумите дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ, денеска изјави дека авионот Антонов 12 што се урна во близина на Кавала, северна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија во Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот. Стефановиќ на прес-конференцијата рече дека авионот на украинската компанија Меридијан ЛТД. полетал од Ниш синоќа околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија Валир за Министерството за одбрана на Бангладеш, биле планирани…

Read More

Тие биле заглавени во местото викано „Врв на отворените клисури“, во месноста Валбона, кое се споредува со австриските Алпи, поради што туристите и алпинисти од многу земји често го посетуваат.  Спасувачките екипи успеаја да ги извлечат српските туристи кои беа заглавени во стрмен планински предел во подрачјето на северниот албански град Тропоја. Исто така извлечено е и мртвото тело на српскиот турист Ѓ.С., кој најверојатно починал како последица на срцев удар. Како што јави АБЦ њуз екипа на косовската планинска служба за пребарување и спасување, со воздушна поддршка на службата за итни интервенции на Албанија, реализирала акција за извлекување на мртвото тело…

Read More

Украинскиот товарен авион што синоќа се урна во Грција  на лет од Србија за Јордан, носел најверојатно муниција, изјави градоначалникот на Пангеа,  местото во кое се урна авионот, јавува hr.n1,info . Товарен авион кој превезувал опасен материјал се урна во близина на градот Кавала во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар со лут мирис, соопштија локалните власти. Сите осум членови на екипажот на Антонов Ан-12 загинаа, јави грчката државна телевизија ЕРТ во утрово. На жителите кои живеат во близина, грчката цивилна заштита им порача да ги затвораат прозорците и да не ги вклучуваат клима уредите. Градоначалникот на  Пангео, Филипос Анастасијадис, рече дека…

Read More

Внесувањето на Бугарите во Уставот останува услов за Северна Македонија за отворање на поглавјата, а во Протоколот е наведено дека тоа ќе се реализира со формулацијата – припадници на други народи, каков што е бугарскиот народ. Во Софија денеска ќе биде потпишан билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија. Протоколот ќе го потпишат министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, по што, според најавите, протоколот ќе биде јавно објавен. Претходно, ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија на кој ќе очекува да се усвојат точките од…

Read More

Времето денеска ќе биде претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ ќе биде 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени. Од понеделник, синоптичарите најавуваат стабилно време. Температурата до вторник ќе биде во благо опаѓање, а од четврток ќе бележи позначителен пораст.

Read More

„Со Договорот од Преспа, со членството во НАТО, но и со остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, и во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија добиваме уште една идентитетска победа на Македонизмот”, рече поранешниот премиер Зоран Заев во изјава за НоваТВ. „Прогресивната влада, предводена од СДСМ, уште еднаш одржи патриотска лекција дека прогресивните се иднината. Лекција по којзнае кој пат за нашиот народ, да сфати кои се всушност заштитници на македонштината но и на иднината”, вели Заев.…

Read More

Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“. – Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата, пишува во објавата на Макрон.

Read More

Но треба да се знае дека не е работа на граѓаните да внимаваат на можни стапици во документите – тоа е работа на лидерите и политичарите. Владата и Парламентот се должни да знаат сѐ и да носат исправни одлуки и за државата и за народот. Јас сум убеден дека одлуката да се поддржи овој предлог ја обезбедува европската иднина и го гарантира македонскиот идентитет во ЕУ. Подобра иднина од иднината во која сме членка на ЕУ не постои, порачува Заев.  На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија. После 17 години конечно имаме голем…

Read More