Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генчовска: Со заеднички напори и со наша поддршка граѓаните на Северна Македонија ќе стигнат во ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on July 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 17, 2022 12:04

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Ја почитуваме целосно одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во однос на останатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“, одговори Генчовска.  

Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Во врска со тоа дали Бугарија прави отстапки за јазикот, со оглед дека сето законодавство на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик, Генчовска со одговор:

„Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Ја почитуваме целосно одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во однос на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка“,

Таа додаде „Важно е дека отсега ниту еден документ во процесот на приклучување на Северна Македонија кон ЕУ не може да се сфати како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија,а тоа ќе биде јасно со едностраната декларација што ќе ја достави земјата до Брисел.

– И тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на Комитетот на постојани претставници, рече министерката за надворешни работи и додаде дека оваа декларација ќе биде претставена и во следните чекори на европско ниво и ќе биде поздравена од Советот на ЕУ.

Министерката Генчовска рече дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата, да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

Како што информираше, дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија

– Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години, рече Генчовска.

Бугарската министерка за надворешни работи изјави дека вистинските преговори за Албанија може да започнат веднаш по првата меѓувладина конференција.

На оваа тема Генчовска говорела на брифинг со бугарските новинари, по потпишувањето на билатералниот протокол со министерот Османи, на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како што објавивме, изрази надеж дека од денеска се отвора ново поглајве во односите меѓу двете држави.

Двајцата министри оценија дека е постигнат напредок во работата на петте секториски групи и она што треба да се направи е тоа да се преточи во пракса.

Експертите од Министерството за надворешни работи на Бугарија продолжуваат да работат со експертските групи од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Пред потпишувањето на Протоколот беше одржан вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со која копретседаваа министрите Османи и Генчовска.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера предлог-преговарачката рамка на француското претседателство со ЕУ беше одобрна од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание по Информацијата по овој документ.

генчовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.