Author: НОВА ТВ Balaban

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија. Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство. Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието. Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 60-та седница ги разгледа и усвои заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ, со кои се задолжува Владата да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси. Врз основа на заклучоците, Владата го одобри Предлогот на Француското претседателство од 30 јуни 2022 година, со што се отпочнуваат пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На денешната седница, Владата…

Read More

Диме Велковски е единствениот пратеник од СДСМ кој денеска не гласаше за прифаќање на заклучоците за францускиот предлог за почеток на преговори на земјава со ЕУ. За предлог-заклучоците по Информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ денеска „за“ гласаа 68 пратеници, по што беа усвоени на владина седница. Поддршка за францускиот предлог, како што веќе објавивме, денеска не даде ниту лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, од каде соопштија дека тој не учествувал во гласањето. Маја Морачанин од ДОМ, партија која го сочинува владејачкото мнозинство во Собранието, не присуствуваше на денешната седница, а таа…

Read More

Шест лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Монтана, јавија локалните медиуми. Се судриле 21 возило, а полицијата соопшти дека причина е песочна бура. – Дуваше силен ветер и предизвика песочна бура, а видливоста беше нула, изјави полицискиот наредник Џеј Нелсон. Иако патролата на автопатот не го броела веднаш бројот на повредени, Нелсон рече дека мора да се повика дополнителна брза помош од градот Билингс

Read More

Пратениците според Устав се независни во своето одлучување во Собранието тие таму не претставуваат политичка партија или пак претседател на политичка партија којшто им бара нотарски изјави и мафта со нив по прес-конференции. Тие таму ги претставуваат граѓаните кои ги избрале, рече Ковачевски. Коалицијата е цврста и таа ќе опстои до редовните парламентарни избори во 2024 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по владината седница на која се донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство. Тој, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече оти е горд што немаше ниту еден глас „против“ во Собранието. Во однос на членовите…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека заклучоците кои ги изгласа Собранието ќе бидат основата за преговорите и евроинтеграциските процеси. ,,Целта на тие заклучоци е токму заштитата на македонскиот јазик и идентитет. И не само оваа Влада туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти,…

Read More

Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, јави известувачот на МИА од терен. Во моментот интервенираат екипи од Противпожарната единица на Град Скопје. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на „Твитер“ го поздрави гласањето на Собранието на Северна Македонија за заклучоците за францускиот предлог. – Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај, напиша Шолц.

Read More

Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница. Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство. – Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница. Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања. Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се…

Read More

Ја пренесуваме во живо прес-конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Како што најавија од Владата, денеска по 16 часот се одржа 60-та седница на Владата на Република Северна Македонија, по што, во 17 часот, обраќање ќе има премиерот Ковачевски. Како што веќе објавивме, со 68 гласа „за“  Собранието денеска ги изгласа предлог заклучоците за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски од СДСМ и Арбр Адеми од ДУИ по распаравата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ. Никој не…

Read More

Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми. Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс од кој веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четири лица се во болница. Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направил Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб. Министерството за земјоделство во Загреб соопшти дека кај говедата што угинале во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље“ е потврдена болеста антракс. Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми. Според неофицијални информации на загрепски Вечерњи…

Read More

„Ги препознаваме тешките компромиси предвидени во овој компромис, кој го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик“, соопшти Стејтдепарментот. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на македонскиот парламент по изгласувањето на предлог заклучоците за францускиот предлог. „Честитки за Северна Македонија за гласањето што сега го отвора патот за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска шанса. И вие ја зграпчивте. Голем чекор на вашиот пат кон европска иднина. Вашата иднина“, напиша на Твитер, Урсула фон дер Лајен. Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Северна Македонија да ги…

Read More