Диме Велковски е единствениот пратеник од СДСМ кој денеска не гласаше за прифаќање на заклучоците за францускиот предлог за почеток на преговори на земјава со ЕУ.

За предлог-заклучоците по Информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ денеска „за“ гласаа 68 пратеници, по што беа усвоени на владина седница.

Поддршка за францускиот предлог, како што веќе објавивме, денеска не даде ниту лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, од каде соопштија дека тој не учествувал во гласањето.

Маја Морачанин од ДОМ, партија која го сочинува владејачкото мнозинство во Собранието, не присуствуваше на денешната седница, а таа претходно најави дека нема да гласа.

За  предлогот не гласаа ни двајца пратеници на Беса, ниту Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Диме Велковски