Author: НОВА ТВ Balaban

Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.  Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое во петокот вечерта неговиот родител пријавил дека се оддалечило од домот во село Врбско, општина Прилеп. Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.  Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните…

Read More

Украина нема да влезе во НАТО сега, не поради агресија, туку поради дополнителни реформи што треба да се спроведат… не е реално, рече  амбасадорот Александрович  Амбасадорот на Украина во Србија, Александр Александрович, гостувајќи на српската телевизија ТВ Прва, изјави дека „секој окупатор во Украина ќе добие пукање во глава“. Во врска со тоа дали Украина е препуштена сама на себе, амбасадорот одговори  дека „колку подолго Украина се бори, толку поддршката од меѓународната заедница е посилна“. Тој додаде и дека Украина нема друг избор освен да се бори и нема да се откаже, бидејќи тоа би значело „геноцид врз украинскиот народ“.…

Read More

Итно запирање на огнот и заминување на руските воени сили од територијата на Украина се главните прашања за кои, како што се наведува, ќе се водат преговорите Министерството за одбрана на Украина информира преку социјалните мрежи  дека украинската делегација со хеликоптер стасала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија. Членови на украинската делегација се лично министерот за одбрана, Олексеј Резников, од шефот на фракцијата Слуга на народот – Давид Аракамија,  советникот на шефот на кабинетот на претседателот, Михајло Подолијак, првиот заменик шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група – Андриј Костин, пратеникот Рустем…

Read More

Градот влезе во фаза на одбрана. Истрели и експлозии одекнуваат во некои делови од градот каде што веќе влегоа саботери, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој додаде дека „непријателот сака да го фрли градот на колена и да го уништи“.

Read More

Руска диверзантско-разузнавачка група се наоѓа во областа Оболон во Киев, потврди украинското Министерство за одбрана, а Генералштабот на украинската армија се огласи со соопштение дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев. Жителите на Киев се предупредени да не излегуваат од домовите, а преку  Твитер Министерството ги замоли граѓаните: „Направете молотови коктели, неутрализирајте го окупаторот! Molotovs in Kyiv. Waiting for Russian tanks. pic.twitter.com/PKHPv5k9Ub — Illia Ponomarenko (@IAPonomarenko) February 25, 2022 Од украинската воена команда порачуваат:  „Денес на Украина и треба сè. Приклучете се сите. Понесете само пасош и матичен број. Нема ограничувања за возраста“. За оние, пак,…

Read More

Украина сака мир и е подготвена да разговара со Русија, вклучително и за неутралниот статус во однос на НАТО, изјави денеска за „Ројтерс“ Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ако се можни разговори, тие треба да се одржат. Ако од Москва велат дека сакаат да разговараат, вклучително и за неутралниот статус, не се плашиме, можеме да разговараме и за тоа“, изјавил преку текстуална порака Подољак за „Ројтерс“. Украина во моментов не е дел од НАТО или ЕУ, иако досега властите јавно декларираа дека сакаат да станат членка и на двата сојузи, додека официјална Москва жестоко се противеше на…

Read More

Формула 1 во денеска објави дека нема да се трка во Русија оваа година, откако земјата започна инвазија на Украина. Гран-При на Русија, која се приклучи на календарот во 2014 година, беше закажана за 25 септември во Олимпискиот парк во Сочи, но организаторите на Ф1 рекоа дека е „невозможно“ да се одржи трката во „актуелните околности“.

Read More

Околу 18.000 парчиња оружје со муниција е дистрибуирано на резервистите од регионот на Киев, јави мрежата Си-Ен-Ен. Во заедничка изјава министерот за одбрана Олексиј Резников и началникот на генералштабот Валериј Залужниј, рекоа дека ќе има уште оружје. „Наскоро ќе имаме уште поддршка со модерно оружје од нашите партнери“, изјавија тие.  Вчера украинскиот претседател Зеленски нареди општа воена мобилизaција, како и забрана за напуштање на земјата за сите машки граѓани помеѓу 18 и 60 години возраст.

Read More

Цените на природниот гас во Европа се намалија на речиси 1.100 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Од почетокот на денешниот ден цената на „синото гориво“ е поевтина за над 28 проценти. Цената на мартовските фјучерси на центарот TTF за само десет минути се намали за речиси 100 долари од 1.200 на 1.112 долари за 1.000 кубни метри или 96,5 евра за мегават-час, врз основа на денешниот курс евро-долар, цените на ICE се во евра за мегават-час. Претходно рускиот „Газпром“ најави транспорт на природен гас во Европа преку Украина. Испораката на руски гас преку територијата…

Read More

Западните и американските разузнавачи одблиску ги следат знаците за потенцијалните руски активности на Западен Балкан, јави пред малку Си-Ен-Ен. Мрежата за оваа информација се повикува на извори блиски до разузнавачките шефови, при што се тврди дека досега не се забележани никакви сомнителни активности. Под таков мониторинг се и руските активности во Молдавија каде Русија ги поддржува сепаратистите во Транснистрија. Оваа внимателност произлегува поради загриженоста на Западот дека амбициите на рускиот претседател Путин би можеле да бидат поголеми од Украина, се вели во информацијата.

Read More

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, објави дека се подготвува нов бран санкции, откако Киев побара Европската унија посилно да ја присили Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Дополнителниот пакет санкции е „под итна подготовка“, објави Мишел во твит, само неколку часа откако лидерите на ЕУ ги одобрија мерките за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не ја погодиле Москва доволно силно.

Read More

Кризата во Украина по руската инвазија на оваа земја, диктираше итна седница и на УЕФА, на којашто без донесени некои одлуки со цел санкционирање на Русија. На Русија ѝ беше одземено финалето на Лигата на шампионите, кое требаше да се одржи на 28 мај во Санкт Петербург во „Газпром арената“. УЕФА ѝ го одзеде правото на Русија да биде домаќин на ова финале, а според информациите на познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тоа е префрлено на Париз. ПСЖ на тој начин доби можност да ја има предноста на „домашниот терен“ во случај да стигне до финалето. Во моментов тие се…

Read More