Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се одржува 15-та седница на Советот за безбедност на која се разговара за безбедносната состојба во земјава и регионот поврзана со руската агресија врз Украина. По седницата, која започна во 14 часот, од Кабинетот на Претседателот ќе биде испратено соопштение за јавноста. https://youtu.be/pyH2iWxBlas
Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното одбележување на крајот на заедничката обука на припадниците на ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили со морнаричките специјални сили на САД во касарната „Илинден“. Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, Петровска истакна дека македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина и дека безбедноста на нашата земја е гарантирана. Таа порача дека нашата јавност…
Европските берзи доживеаја колапс по отварањето. Европскиот референтен индекс падна за 3.48 отсто. Индексот на Московската берза падна за над 30 проценти. Рускиот воен напад на Украина денеска предизвика паника на светските пазари и доведе до пад на берзите, како и раст на цените на нафтата и гасот, додека руската Централна банка мораше да интервенира поради намалената вредност на рубљата, јави Бета. Европските берзи доживеаја колапс по отварањето. Европскиот референтен индекс падна за 3.48 отсто. Индексот на Московската берза падна за над 30 проценти. Руската валута, рубљата, го достигна минимумот во однос на доларот. Руската Централна банка интервенираше на девизниот…
Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челси, не е виден со месеци во својот дом во Лондон Рускиот милијардер, Роман Абрамович, доби забрана за престој во Велика Британија, објавуваат британските таблоиди. Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челси, не е виден со месеци во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму. Имиграциониот оддел, наводно, добил насоки на Абрамович да му забранат да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, којашто ја купил за 125 милиони фунти. Тој е еден од 35-те…
Претставниците на НАТО се согласија да распоредат сили за одговор на источното крило на Алијансата, поради кризата во Украина. Ова го соопшти Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО пред малку на брифинг во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој додаде дека над 100 авиони се во борбена готовност. „Одбранбениот механизам на НАТО е активиран, што ни дава поголема слобода да преместиме војници и да ги испраќаме таму каде што е потребно“, рече Столтенберг на брифингот. Тој нагласи дека потегот на НАТО е одбранбен, и дека Алијансата не сака конфликт. Столтенберг рече дека Русија ја затворила вратата за политичко решение. „Ова…
Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се евакуираат граѓаните – рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов. Нема излез од Киев засега. Стотина македонски државјани таму се уште се заглавени, изјави за телевизија Телма македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов. Тој вели дека чека инструкции, а нагласил и дека во моментов интернет врските се во прекин, а одвреме-навреме колабираат и телефонските врски. – Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа, има паника и практично, евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со…
Мислевме дека копнена инвазија ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, тоа денеска се случува и е за најголема осуда, рече Османи Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјава за Канал 5 телевизија денеска потврди дека две семејства побарале помош во македонската амбасада во Киев. – Ја следиме состојбата со загриженост. Мислевме дека копнена инвазија ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, тоа денеска се случува и е за најголема осуда. Единствени сме во НАТО и во Европската Унија во однос на одговорот кон оваа агресија, рече Османи.
Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби“, изјави Арестович.
Според интернет страницата на НАТО, консултациите согласно членот 4, можат да водат кон заедничка акција на сите 30 земји членки на НАТО. Источните членки на НАТО Естонија, Латвија и Литванија, како и Полска, бараат активирање на членот 4 на НАТО кој предвидува итни консултации доколку некоја земја членка смета дека и е загрозена политичката независност, безбедноста или територијалниот интегритет, јавува CNN. Според интернет страницата на НАТО, консултациите согласно членот 4, можат да водат кон заедничка акција на сите 30 земји членки на НАТО. Членот 4 досега беше активиран шест пати од формирањето на Алијансата во 1949 година, а последен пат…
Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изутрина одобри „специјална воена операција“ против Украина со цел да се отстрани, како што рече, сериозната закана. А претседателот на Украина, Володимир Зеленски, од друга страна, донесе декрет за вонредна состојба, по што парламентот ја одобри бараната мерка. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ја уништиле воената инфраструктура во украинските воздушни бази и ја десеткувале воздушната одбрана на Украина. Во Киев моментално има бројни новинарски екипи, а многу од нив беа изненадени од нападот во програмата во живо. CNN’s Matthew Chance in Kyiv: “I just heard a big bang right here behind me.” Here’s the…
Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо, кој е обвинет за убиство со умисла, бидејќи го застрела поранешниот зет, бара да се укине мерката притвор и осoмничениот да се брани од слобода. Поранешниот зет пред два дена насилно му упадна во домот, заканувајќи и се со нож на неговата ќерка, односно на неговата поранешна сопруга. Битолчани денеска побараа слобода за Тони Ѓоргиевски. – Ако татко ми не пукаше, ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие“, кажа Јове Ѓоргиевски, син на осомничениот битолчанец Тони Ѓоргиевски-Фердо (62) на денешниот мирен протест…
Овие денови слушаме и гледаме како Владата се фали дека направиле да расте минималната плата. Никој од нас, буквално никој од нас, нема ништо против таквиот чекор, но суштината е дека тој не е доволен. Инфлацијата од рекордни 6.7 проценти одамна го јаде покачувањето на минималната плата, а проблемот останува и со оние илјадници кои не добија никакво покачување. Власта со невидена леснотија го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание за усогласување на платите со коефициентите предвидени со колективните договори, а кои што се однесуваат на сложеноста и тежината на работните места и на работните задачи, вели претседателот на…