Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ако трошоците во 2019 година за едно четиричлено семејство беа околу 32.000 денари, денеска тие изнесуваат 35.000 денари

0
By НОВА ТВ Balaban on February 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 14:17

Овие денови слушаме и гледаме како Владата се фали дека направиле да расте минималната плата. Никој од нас, буквално никој од нас, нема ништо против таквиот чекор, но суштината е дека тој не е доволен. Инфлацијата од рекордни 6.7 проценти одамна го јаде покачувањето на минималната плата, а проблемот останува и со оние илјадници кои не добија никакво покачување. Власта со невидена леснотија го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание за усогласување на платите со коефициентите предвидени со колективните договори, а кои што се однесуваат на  сложеноста и тежината на работните места и на работните задачи, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека граѓаните се соочуваат со стагфлација и должничко ропство, укажувајќи дека за три години цената на струјата е покачена за повеќе од 30 проценти, цената на бензините е покачена за повеќе од  60%, зејтинот во овој период е покачен за повеќе од 40%, брашното за 38%, млекото е поскапо за 20 проценти, а платите на граѓаните имаат раст од нула денари.

И реалниот живот говори дека ако трошоците во 2019-тата година за едно  четиричлено беа околу 32.000 денари, денеска две години потоа на крајот на 2021 година тие изнесуваат 35 илјади денари. За три години цената на струјата е покачена за повеќе од 30 проценти, цената на бензините е покачена за повеќе од  60%. Зејтинот во овој период е покачен за повеќе од 40%. Брашното за 38%, млекото е поскапо за 20 проценти. А, за колку пораснаа платите додека сето ова растеше? Одговорот е нула. Ете затоа имаме сиромаштија, и затоа 500 илјади луѓе во Македонија живеат со помалку од 150 денари на де, нагласи Мицкоски.

Ефектот од сето ова е стагфлација и должничко ропство. Многумина ќе си го постават прашањето што е сега тоа стагфлација? Ногу едноставно имаме енормна висока инфлација и стагнирање на економијата. За само 48 дена од почетокот на 2022 година, оваа Влада направи буџетски дефицит од верувале или не, 164 милиони евра или во проценти 30% од планираниот буџетски дефицит за цела 2022 година. Набргу ќе имаме ребаланс на овој буџет со зголемена потреба за финансирање, што значи дополнителен долг кој не втурнува во уште поголемото должничко ропство! Се разбира кога ќе имате една таква ситуација, тогаш првото што ќе им падне на памет е да издадат нова еврообврзницата, механизам со кој ќе ги задолжат и неродените деца. И тогаш претпоставувам изговорот на Владата ќе биде дека требаат пари да се реализираат капиталните инвестиции, а само еден податок сакам да кажам дека од овие повеќе од 160 милиони евра дефицит или нов долг успеале да реализираат капитални инвестиции околу 35 милиони евра. Што значи дека парите ги трошат, парите ги крадат, парите ги нема. А, народот и неродените деца ги задолжуваат. На својот грб ова ќе го носи народот. Особено приватниот сектор, дециден е Мицкоски.

регионален отчет Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.